Зголемени ковид-бројки, нови мерки засега нема

Согласно податоците што ги соопшти вчера Комисијата за заразни болести, забележан е раст на бројот на позитивните случаи на COVID-19 во земјава за 65 проценти, но истовремено нема зголемување на бројот на хоспитализации, со што беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки.

Во текот на вчерашниот ден, Институтот за јавно здравје соопшти дека на 1261 тестирањe регистрирани се нови 148 случаи на COVID-19, од кои 40 се реинфекции. Оздравени се 45 пациенти и нема пријавено починати лица за изминатото деноноќие, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од „Мој термин“, евидентиран е 84-годишен пациент од Скопје кој починал на 27 јуни 2022 во болнички услови.

Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега, како што соопшти КЗБ во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Зголемен број на позитивни лица на коронавирусот е забележан во регионот и Европа. Во Хрватска вчера се регистрирани 1.197 нови случаи, а починато е едно лице. Зголемен број на случаи има и во Албанија и Грција.

Директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон изјави дека зголемениот број на нови случаи се должи на олабавувањето на мерките, но и со падот на имунитетот на луѓето.

-Европа минува низ седмиот бран на КОВИД-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции, рече Алисон.

Советот на Европската Унија даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Оваа регулатива ќе обезбеди патниците од ЕУ и трети земји поврзани со системот да можат да го користат дигиталниот сертификат за патување во Унијата во земјите-членки каде што се потребни тие сертификати.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 313.856 од направени 2.080.874 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 303.783, починале 9323, а активни случаи има 750.

Најголем број на активни случаи во моментов има во Скопје – 452. Валандово, Виница, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран немаат активни случаи на COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе