Зголемени трошоците за живот и цените на мало

Трошоците на животот во април годинава се зголемени за 2,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто. На годишно ниво, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12,9, свежото и разладеното овошје за 4,4, сирењето и урдата за 3,7, месото за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,3, пивото за 1,9, рибата и морските плодови за 1,7, кафето, чајот, какаото за 1,6, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,3, лебот и житата за 0,8, жестоките пијалаци за 0,7  и виното за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 46,6 отсто, туристичките аранжмани за 8,9, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 4,3, гасот за домаќинствата за 4,1, течните горива за домаќинствата за 2,6, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 1,9, теписите и другите подни покривки за 1,8, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, големите алатки и опремата за 1,7, мебелот и покуќнината за 1,5, обувките за 1,3  отсто, цврстите горива за домаќинствата, домашните миленици и сродните производи за 1,1, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,9, малите алатки и останатите додатоци, услугите за рекреација и спорт, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,8 отсто.

Пораст на трошоците на живот има и кај  текстилот за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, игрите, играчките и хобијата за 0,6 отсто, терапевтските помагала и опремата за 0,5, облеката, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 0,4, поправките и изнајмувањето на обувките, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, стоматолошките услуги, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства, рестораните, кафулињата и сл., накитот, часовниците и рачните часовници за 0,3, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, фармацевтските производи, велосипедите, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање и другите лични предмети за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со претходниот месец, пак, е забележано кај медиумите за снимање за 2,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, градините, растенијата и цвеќињата и електричните апарати за лична хигиена за 0,3 отсто.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе