Жени кои го променија светот и испишаа историја во политиката

Над 70 нации низ светот досега доживеаја на чело на нивните влади и држави да стои жена. Многу од тие политичарки оставија трајно наследство и го променија светот каков што денес го познававме, пишува History.

Списанието издвои 7 жени кои имаат оставено највпечатлива трага во историјата, не само по времето минато во функција, туку и по влијанието што го имале на својата нација и на светот во целина.

Станува збор за следните 7 политичарки:

Сиримаво Бандаринаике, премирка на Шри Ланка во 1960 година, позната како првата жена на чело на влада во модерниот свет. Позната е по воспоставување на државен економски систем во земјата, а исто така покрена и политичка династија. Нејзината ќерка Чандрика Кумаратунга беше премиерка на Шри Ланка, а од 1994 година до 2005 прва жена претседател на државата.

Индира Ганди била избрана за премиерка во 1967 година. Силно го поддржуваше Источен Пакистан (денешен Бангладеш) во неговата успешна војнза за независност, со што ја нарави Индија доминантна сила во Јужна Азија.

Поразена во 1977 година од народната опозиција, се врати на власт во 1980 година. Во 1984 година била убиена од двајца припадници на нејзината лична гарда.

Голда Меир била избрана за премиер на Израел на 17 март 1969 година, откако била министерка за труд и надворешни работи. Таа е првата жена премиер на Израел и четвртата жена во светот со таа функција. Голда Меир бил опишувана како „железна дама“ во израелската политика пред истиот епитет да биде наметнат за британската премиерка Маргарет Тачер. Родена е во Украина, пред да емигрира како дете во САД. Израсната е во Милвоки, Висконсин пред да се пресели во Британска Палестина за да помогне во воспоставувањето на државата Израел.

Како премиерка, нејзините напори за мир меѓу Израел и арапските земји биле запрени со војна во октомври, 1973 година.

Маргарет Тачер е британска политичарка и премиерка позната и како „Железната дама“. По занимање била индустриска хемичарка. Во 1974 година станала првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство и ја извршувала функцијата од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година. Позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган. Мандатот од 11 години ја направи премеирка со најдолг стаж и највпечатлива политичарка во историјата.

Вигдис Финбогадоутир е поранешна политичарка од Исланд која била претседателка од 1980 до 1996 година. таа е првата жена во светот демократски избрана за претседател преку избори. Претходно се занимавала со уметност и била директорка на театар во Рејкјавик.
Во 1980 година како разведена, самохрана мајка Вигдис победила на изборите и била прва жена на чело на Исланд. Реизбрана била три пати, со 16 години на власт нејзиниот мандат е најдолг во историјата.

Ангела Меркел е првата жена канцеларка на Германија. Докторирала хемија и работела како истражувач пред да влезе во политиката, по падот на Берлинскиот ѕид. Имаше четири мандати, беше лидерка на најмоќната европска земја што ја водеше успешно низ должничка криза во еврозоната, како и низ бегалска криза.

Елен Џонсон Сирлиф дипломите ги има стекнато на американски универзитет, а кариерата ја започна во родната Либерија, африканска нација основана од ослободени американски робови во 19 век. живеела во егзил во Кенија и во САД во текот на долгата граѓанска војна во Либерија, работејќи во банкарската индустрија и ОН. Во 2005 година победи на првите претседателски избори во Либерија од крајот на војната, освојувајќи поддршка од 80% од жените гласачи. Таа е првата демократски избрана жена лидер на држава во Африка.

На власт беше повеќе од 12 години и помогна во зачувување на мирот, бришење на долгот и изградба на економијата во Либерија. Во 2011 година доби Нобел за мир за нејзината работа во име на женските права, иако исто така наиде на критики поради непотизам ( си ги стави трите синови на највисоки позиции во владата) и постојана корупција во владата.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Живот

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Read more

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе