Жените со синдром на полицистични јајници се изложени на зголемен ризик од COVID-19

Иако луѓето со овој синдром не се сметаат за лица со висок ризик, авторите на оваа студија сметаат дека тоа е погрешно, затоа што пандемијата покажа дека на овој синдром му се посветува малку внимание во здравствениот систем.

Жените со синдром на полицистични јајници се изложени на зголемен ризик од развој на COVID-19, според една студија која опфати повеќе од 20.000 луѓе кои го имаат овој синдром.

Иако луѓето со овој синдром не се сметаат за лица со висок ризик, авторите на оваа студија сметаат дека тоа е погрешно, затоа што пандемијата покажа дека на овој синдром му се посветува малку внимание во здравствениот систем.

Синдромот на полицистични јајници често се карактеризира со прекумерно ниво на машки хормон (или андроген) и мали фоликули на јајниците кои можат да ја нарушат менструацијата, па оттука и името. Со неправилна и тешка менструација, луѓето со овој синдром можат да имаат проблеми со кожата, чести промени во расположението, отежнато спиење и може да добијат тежина. Покрај тоа, овој синдром може да влијае и на плодноста.

Помеѓу 50 и 70 проценти од пациентите со синдром на полицистични јајници развиваат инсулинска резистенција, што доведува до дијабетес - состојба што исто така го зголемува ризикот од ковиден. Сѐ уште нема лек за оваа состојба, но апчиња за контрацепција и промени на некои животни навики можат да помогнат.

Синдромот го зголемува ризикот од COVID-19 за 28%

Истражувачите анализирале илјадници жени од Ирска и Велика Британија, вклучително и оние со и без синдром на полицистични јајници. Бидејќи овој синдром ги прави пациентите поизложени на висок крвен притисок и дијабетес, истражувачите сакаа да откријат дали ги прави и поранливи на вирусот.

Истражувачите откриле дека стапката на ковида кај жени со овој синдром е скоро двојно поголема отколку кај жените без овој синдром, пренесува Insider. Откако вклучиле и други фактори на ризик, вклучувајќи прекумерна дебелина, регулација на гликоза, недостаток на витамин Д, хипертензија и срцеви заболувања, истражувачите откриле дека пациентите со овој синдром имаат 28% поголем ризик од инфекција со коронавирусот. Тие не ги зедоа предвид расата, етничката припадност или социоекономскиот статус.

Водечкиот автор на студијата Анурада Субраманијан за CNN изјави дека се потребни повеќе истражувања за да се открие зошто овој синдром го зголемува ризикот од инфекција, но тие веруваат дека причината може да биде тоа што синдромот може да создаде воспаленија од низок степен во организмот.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе