Зимска возачка дилема: Тргнуваш веднаш или чекаш да се загрее моторот?

Од генерација на генерација возачи се пренесуваат „добронамерни“ совети и трикови како да се користи автомобилот во студените месеци.

Веројатно нема возач кој не дал или не добил совет дека автомобилот треба да се остави да работи по палењето додека не ја достигне работната температура. И никој нема да го оспори таквиот ритуал, бидејќи самата логика налага дека на „замрзнат“ мотор му треба малку време да се загрее пред да тргнете на пат.

Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Оставањето на моторот да се загрее во место не е ништо друго туку сосема погрешно верување кое му го скратува животниот век.

Кога наутро седнувате во ладниот автомобил на минусни температури, нема потреба да го загревате моторот во место. Оваа практика, всушност, може да го отстрани маслото од ѕидовите на цилиндрите, што доведува до абење, а во исто време, додека моторот не почне да постигнува работна температура, непотребно ќе го трошите горивото.

Исто така, загревањето на моторот во место трае подолго отколку во возење, а работата во „лер“ поради послаб процес на согорување на горивото доведува до тоа несогореното гориво да се претвори во маслен филм и да заврши во картерот.

Новите мотори имаат сензори кои детектираат ниски температури на моторот, па пумпата за гориво работи „прекувремено“ за да достигне најмалку 4 степени Целзиусови, а ако веднаш запали, сите делови на моторот почнуваат да се загреваат подеднакво отколку во мирување.

Како утеха за возачите кои го загреваат автомобилот во место пред да тргнат, треба да се напомене дека оставањето на моторот да се загрее во место не е погрешно кај сите возила. Точно е, дури и препорачано, ако возите автомобил стар околу дваесет години. Во тој случај, држете се и до другите правила, односно помали брзини и вртежи додека температурата не го достигне потребното ниво.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе