Златен стандард: Колку често имаат секс среќните парови?

Разговорот за тоа колку често паровите имаат секс сè уште е табу тема.

Повеќето не сакаат да зборуваат за тоа, а има и такви кои намерно ја зголемуваат бројката сакајќи да се покажат како невидени љубовници.

Бидејќи ова е тема на која повеќе се молчи отколку што се зборува, луѓето некако често претпоставуваат дека паровите имаат сексуални односи неколкупати неделно, а од филмовите и сериите може да се заклучи дека штом маж и жена се допрат, мора да следи секс.

За да нема веќе шпекулации за тоа, научниците утврдиле колку често имаат секс најсреќните парови, а резултатот е сосема неочекуван.

Д-р Логан Левкоф, кој има докторат за човечката сексуалност, едукација за семејството и бракот, изјави за NBC News дека „сите имаме очекувања за тоа како треба да изгледа една врска, но тој модел често не се пренесува во нашата реалност“.

А се чини дека тоа е навистина така бидејќи студијата за сексуално однесување од 2017 година утврдила дека просечниот пар има односи 54 пати годишно. Тоа е приближно еднаш неделно, а она што е интересно е што оваа бројка е намалена во однос на податоците од 1990 година.

Друго истражување покажа дека „златен стандард“ за најсреќните парови е сексот еднаш неделно.

„Паровите кои имаат секс повеќе од еднаш неделно не пријавиле дека се посреќни, додека оние кои имаат секс помалку од еднаш неделно се помалку задоволни“, објави NBC News.

Значи, не е точно дека луѓето уживаат во сексот секој ден, а само вие не... Освен тоа, имајте на ум дека се работи за просекот, но и дека сексот не е единствениот начин да бидете блиски и интимни.

реклама

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе