„Змиски“ робот ќе ги поправа цевките на дното на океанот

Нов напреден подводен дрон, кој сè уште е во фаза на развој, ќе овозможи поставување, одржување и инспекција на илјадници километри океански цевковод.

Станува збор за подводен дрон во форма на змија кој може да работи до 6 месеци без потреба за излегување на површината, што значително ги намалува трошоците.

Дронот е наречен Eelume, долг е 6 метри и опремен е со камери и сензори за навигација под вода. Може да биде во станица на длабочина до 500 метри во период од 6 месеци, без притоа да излезе на површината. Дометот му е до 20 километри, со едно полнење на батеријата.

Сетот од различни алати му овозможува да извршува неколку задачи, од користење на подводни вентили па до отстранување на морската флора, седименти и слично.

Многу подводни цевководи веќе се одржуваат без присуство на човек, но се контролираат од екипаж на брод. Таквите операции може да чинат до 100.000 долари дневно. Со новиот робот ќе се добие подводен жител кој ќе живее во подводната станица и ќе може да биде мобилизиран во секој момент за вршење на инспекција и интервенција.

Еден од првите инвеститори во роботот е норвешката нафтена компанија Equinor, од каде се уверени дека роботот ќе ги намали трошоците, но и ризикот на кој се изложуваат луѓето во опасните услови за работа.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе