Значителен број корисници на Tinder се во брак или во сериозна врска

Истражување покажа дека 30 отсто од корисниците на платформата за запознавање Tinder се во брак, а 12 отсто од нив се во врска.

И како да не беше доволно тешко да се избегнат чудаците на интернет кои се навистина сингл, една студија покажа дека речиси една третина од корисниците на Tinder воопшто не би требало да ја користат апликацијата, бидејќи се во брак.

Компанијата GlobalWebIndex (GWI), која спроведе истражување и анкетираше 47.000 машки корисници на апликацијата Tinder од целиот свет, покажа дека 30% од овие корисници биле во брак во моментот на користење на апликацијата, а дека најмалку 12 отсто од нив биле во сериозна врска.

Вкупно, само 54 отсто од нив се класифицирале како сингл, а три отсто биле разведени и вдовци, објави Business Insider. Покрај тоа што голем број од нив се зафатени, истражувањето покажа и дека корисниците на Tinder, од кои шест милиони се постојани и 75 милиони повремени корисници, се претежно мажи (62 отсто наспроти 38 отсто жени), како и дека се претежно помлади. Околу 38% од корисниците на Tinder се помеѓу 16 и 24 години, а 45% меѓу 25 и 34 години.

„Апликацијата е дизајнирана како платформа за запознавање луѓе од различни причини, било да е тоа поради врска, пријателство или некој вид платонска врска“, рече шефот на маркетинг на Tinder, Џастин Матин, во врска со овие резултати.

Патем, во 2018 година, тим истражувачи од Холандија и САД, исто така, открија дека, кога станува збор за апликациите за запознавање воопшто, процентот на оженети корисници е уште поголем отколку на Tinder и дека дури 42 отсто од луѓето со профил на некоја апликација за запознавање се во брак.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе