Знаци кои покажуваат дека внесувате премногу шеќер

Со текот на времето, внесувањето на премногу шеќер го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес, но може да предизвика и развој на состојби како одредени видови канцер и хронични болести, вели нутриционистот Бригит Зетлин.

Најновите препораки во исхраната се дополнителниот шеќер да не биде повеќе од 10 проценти од дневните калории. Тоа е околу 38 грама или 10 мали лажички за жени чија исхрана содржи 1.500 калории или 50 грама (13 мали лажички) за мажи чија исхрана содржи 2.000 калории.

Американското здружение за исхрана и Светската здравствена организација сметаат дека тие количини треба да бидат помали: 25 грама (6 мали лажички) дневно за жени и 36 грама (9 чајни лажички) дневно за мажи.

Ова се некои од знаците кои покажуваат дека внесувате премногу шеќер:

Акни

Додека експертите велат дека за повеќето луѓе акните немаат врска со исхраната, некои студии го поврзуваат избивањето акни со прекумерна консумација на слатко.

Шеќерот го зголемува производството на хормони, особено на оние кои обично се појавуваат околу вилицата и устата, објаснува дерматологот Брус Робинсон.

Промени во расположението

Некои истражувања го поврзуваат шеќерот со промени во расположението како депресија. Шеќерот може да влијае на невротрансмитрите во мозокот кои го регулираат расположението. Шеќерот предизвикува раст на серотонин, хормон на среќа. По некое време следи пад на расположението па може да се чувствувате нервозно и уморно.

Проблеми со спиењето

Ако изедете чоколадо пред спиење тоа може да предизвика проблеми со заспивањето. Може да ви биде тешко да заспиете, но и ако заспиете, нема добро да се наспиете и разбудите одморени бидејќи во текот на ноќта опаѓа шеќерот во крвта.

Зголемен крвен притисок

Шеќерот е полош за вашиот крвен притисок од солта, покажа истражување објавено во Open Heart. Исхраната со висок процент на сахароза во само неколку недели може да го зголеми крвниот притисок. Друга студија на British Journal of Nutrition покажа дека за секој напиток засладен со шеќер ризикот од развој на хипертензија се зголемува за 8 проценти, пишува Eat This, Not That.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе