ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Знаменосецот Дехари поради повреда предвеме ја заврши Олимпијадата

Лошо вести од Пекинг. На денешниот тренинг скијачот Дардан Дехари претрпе тешка повреда на коленото по што неговиот настап на Зимските олимписки игри предвреме заврши.

Македонскиот олимписки комитет јавува дека додека тренирал за своето прво учество на Игрите Дехари незгодно паднал при што тешко го повредил десното колено.

„По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран“, соопшти МОК.

Дехари беше знаменосец на церемонијата на веченото отворање на Игрите и требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на 13-ти и 16-ти месецов. 

Со ваквиот развој на настапите Македонија останува со двајца олимпијци на Игрите во Пекинг. За потсетување, денеска Ставре Јада немаше добар пласман откако заврши на 86. место од вкупно 88 пласирани натпреварувачи.

Следуваат настапите на Ана Цветановска на 10-ти во крос канстри 10 km класично и вториот настап на Јада на 19-ти на 50 km слободно, исто така во крос кантри.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе