Зошто Денот на вљубените се слави на 14 февруари?

Ширум светот 14 февруари се слави како Ден на вљубените, а како што вообичаено се случува, за потеклото на овој празник се поврзуваат неколку теории и легенди, а најпозната и најраспространета е онаа за еден епископ кој бил погубен поради тајни венчавки.

Обичаите на изразување љубов, размена на подароци, споделување заеднички моменти се карактеристиките на празникот со кој денес се слави љубовта. Најраспространета легенда за потеклото на овој празник секако е онаа на Свети Валентин, кој го загубил животот поради „борбата за љубов“.

Епископот Валентин бил убиен во 269 година поради тајно венчавање парови, што било против царската забрана. Меѓу христијаните, тој почнал да се почитува како светец во IV век, но дури во XV век почнал да се поврзува со празникот на љубовта. Оттогаш луѓето го слават како заштитник на заљубените.

Постои уште една теорија поврзана со потеклото на самиот празник, а таа е поврзана со Католичката црква. Се тврди дека Католичката црква одлучила празникот Свети Валентин да се одржи на средината на февруари во обид да ја христијанизира паганската прослава на Луперкалија.

Луперкалија бил фестивал на плодноста посветен на римскиот бог Фаун, како и на римските основачи Ромул и Рем. Фаун бил бог на полињата и заштитник на стадата од волците. Бил грд рибар кој во една прилика ја пренесол Венера преку водата и таа му се оддолжила така што му ја вратила младоста, т.е. го претворила во убаво момче. Подоцна, во него се вљубила поетесата Сафо.

Симболот на Денот на вљубените е и древниот римски бог на љубовта Купидон, кој често е прикажан како држи лак и стрела, бидејќи се верува дека кого и да го погоди со својата магична стрела веднаш ќе се заљуби.

Како една од главните карактеристики на прославата на Денот на вљубените е размената на подароци, со текот на времето чоколадото и црвената боја станале симбол на овој празник.

Какаото, основната состојка на чоколадото, за прв пат добило општествено значење во Америка, каде што се користело за ароматизирање на храната и правење пијалаци околу 2000 година п.н.е.

Викторијанците дефинитивно го воспоставиле чоколадото како храна на романтиката, особено за Денот на вљубените. Чарлс, војводата од Орлеан, ја напишал првата позната љубовна песна за Денот на вљубените во 1415 година додека бил затворен во Лондонската кула.

Ричард Кадбари е основач на истоимената британска компанија за чоколади Cadbury. Во 1861 година, Кадбари дошол до идеја да ја стави робата на неговата компанија во кутии во облик на срце во пресрет на 14 февруари. И откако чоколадите одамна се изеле, заљубените девојки ги чувале своите спомени во кутиите со чоколади на Cadbury.

Во Америка и мажите и жените си купуваат чоколадо на Денот на вљубените, но во Јапонија се очекува жените да купуваат чоколадо за својот сакан.

Интересно е што во Обединетото Кралство на овој празник најчесто им се подарува на децата, додека во Финска се слави како Ден на пријателството.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Живот

Како да се ослободите од досадните траги од чаши на дрвените површини?

Read more

Најубавата плажа за 2025 година: Позната е по чистата вода и песокот со розови примеси

Read more

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Read more

Досадата им е неприфатлива: Хороскопски знаци со неисцрпна енергија

Read more
 

Магазин

Како да се ослободите од досадните траги од чаши на дрвените површини?

Читај повеќе
  • filter

Најубавата плажа за 2025 година: Позната е по чистата вода и песокот со розови примеси

Читај повеќе

Психолог тврди дека паровите најчесто се расправаат за три работи

Читај повеќе
  • play_arrow

Посна крем чорба од брокула и наут

Читај повеќе

Симптоми на рак на дебелото црево кои жените не смеат да ги игнорираат

Читај повеќе

Како да останете во форма без да одите во теретана?

Читај повеќе

Една чаша газиран пијалак дневно го зголемува ризикот од рак за 5 пати

Читај повеќе

Храна што не треба да ја јадете по 20 часот ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе