Зошто Кина има гробишта на електрични автомобили?

Позната е позадината на приказната за илјадници нови електрични автомобили кои буквално скапуваат по ливадите на предградијата на кинеските градови.

Во последниве недели се развија различни приказни за потеклото на овие гробишта со електрични автомобили пронајдени на голем број места во Кина. Од приказни за пропаднати такси-компании, до планирано производство за да ги фатат државните субвенции. Погодувате, има по некоја вистина во секое сценарио.

Само ако мислите дека пандемијата е единствениот виновник, веројатно грешите. Имено, првите гробишта на вакви автомобили во Кина се забележани уште во 2019 година. Тогаш бројни возила, обично со иста боја, бренд и тип, беа забележани паркирани едно до друго на ливади недалеку од некои кинески градови.

Remote video URL

Позадината на приказната е слична на онаа со електричните велосипеди кога пазарот падна во 2018 година, а милиони велосипеди останаа без сопственици преку ноќ.

Во еден момент, имаше брзо проширување на car-sharing услугите. Се отворија буквално илјадници фирми кои се обидоа да ги искористат државните субвенции нудејќи електрични возила за изнајмување. Производителите, од друга страна, беа водени исклучиво според цената, па многу нови автомобили немаа автономија поголема од 100 километри.

Во 2019 година има драстичен пад на владините субвенции, а кога на сè ќе додадеме други фактори, како што е недостатокот на паркинг места во градовите и застареноста на еднаш купените електрични возила, повеќето компании банкротираа.

Расте популарноста на електричните возила

Од друга страна, токму овие трендови на пазарот го забрзаа развојот на електричните автомобили, како и растот на популарноста на електричните возила кај кинеската популација. Така Кина стана најголемиот светски пазар на електрични возила со удел од дури 60 проценти. Во исто време, бројот на производители на електрични возила се намали од 500 во 2019 година на околу 100 оваа година, што покажува дека преживеале само најсилните играчи со најконкурентни производи.

Исто така, како што дознава Bloomberg, дел од овие депонии се санирани и возилата се отстранети. На други места, како предградијата на Хангжу, автомобилите стојат толку долго што прераснаа во грмушки. Патем, автомобилите беа напуштени толку брзо што некои лични предмети можат да се најдат во кабините на некои од нив.

Remote video URL

Bloomberg соодветно ги опишува напуштените електрични возила како „впечатлив приказ на вишокот и отпадот што може да се случи кога капиталот ќе ја преплави индустријата во подем, и можеби чуден споменик на сеизмичкиот напредок во електричниот транспорт во последниве години“.

Приказната сама по себе се ливадите каде стојат стотици „некинески“ автомобили, особено Volkswagen ID.3 и Toyota bZ4X, кои завршија таму како резултат на продажбата чиј интензитет беше забележително помал од планираниот. Се очекува дека овие автомобили сепак ќе се продаваат по корекција на цената.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе