Зошто Копа Италија нема никогаш да биде како ФА купот?

Поплаките на Маурицио Сари за Копа Италија не се ништо ново, но она што тој не успева да го сфати е дека ова „најнеспортско натпреварување“ веќе е радикално подобрено во последниве.

Тренерот на Лацио го повтори своето вообичаено жалење за една или друга работа во подготовките за натпреварот против Милан, како што му е навика уште од времето кога беше во Наполи, Челси и Јувентус.

Ако се буни поради начинот на кој се прави календарот на натпревари во Серија А и Копа Италија, човек се прашува како, побогу, успеа да одржи цела сезона во Англија, каде што тамошниот календар прави да оној на Чизмата изгледа многу опуштено.

Има некои работи за кои тој е сосема во право кога станува збор за Копа Италија, како што е фактот дека тој е насочен кон ТВ приходите и помагањето на најсилните тимови да се квалификуваат.

Повеќето од клубовите во Серија А не се ни мачат да се натпреваруваат до осминафиналето, додека оваа сезона претставниците од Серија Би и Чи беа успешно елиминирани долго пред таа фаза.

Сепак, тоа не е најлошото нешто во врска со форматот, кој во голема мера се разликува од ФА купот, натпреварување кое се смета за идеално за овој тип на турнири.

Најголемиот проблем е што на големите клубови автоматски им се дава можност да бидат домаќини.

Ова не само што им ја дава предноста на домашниот терен, туку води и до грд изглед на огромните стадиони со малку луѓе расфрлани низ трибините, чувство на тренинг наместо елиминациски натпревар.

Радоста на ФА купот е да се видат големите ѕвезди како се мачат играјќи на ужасни терени и жешки атмосфери на трибините кај нисколигашите, каде што целиот град гледа фантастичен и редок настан.

Што се однесува до останатите поплаки на Сари, никој не знае како се прави жрепката бидејќи никому не му е ни гајле. Ова е главниот проблем зошто Копа Италија толку долго беше турнир со мал или никаков интерес за никого сѐ до четвртфиналето.

Останува необјасниво што полуфиналето сè уште се игра во два натпревара, обично со разлика од еден месец или повеќе само за дополнително да биде бесмислено, но дури и тоа е подобрување со оглед на тоа што до неодамна целиот турнир во голема мера се играше со по два натпревара.

Да се игра еден натпревар кој по 90 минути се решава со продолженијата или пенали барем дава одредена драма на настанот, а сме виделе големи клубови притиснати до крај или дури и елиминирани од помали.

Сепак, тоа е сè уште многу ретко, а Копа Италија останува повеќе иритирачки отколку турнир кој навивачите со нетрпение го очекуваат.

Тоа може да се промени со примена на форматот на ФА купот, но има повеќе од 100 години историја и престиж на тоа натпреварување што Копа Италија никогаш не може да се надева дека ќе го создаде сега.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе