Зошто косата станува седа? Не е секогаш знак на старост

Еден од најзабележителните знаци на стареење е седата коса, но тоа што косата е седа не мора да биде исклучиво знак на старост.

Косата долго време се прикажува како одраз на човечката сила, здравје и убавина. Сепак, косата е таа која прва ќе ја открие нашата возраст, бидејќи седата коса е еден од најзабележливите знаци на стареење.

Сепак, седата коса не мора секогаш да биде знак на старост.

Зошто косата седи?

Седата коса се јавува како резултат на намалување на пигментот, додека целосно белата коса не содржи пигмент.

На самиот почеток од животот косата е бела. Подоцна ја добива својата природна боја од пигментот наречен меланин. Природната боја што ќе ја имаме во текот на животот зависи од распоредот, количината и видот на меланин во средниот слој на влакната или обвивката.

Во косата има само два вида пигменти: темен (еумеланин) и светол (феомеланин). Првото нешто што треба да знаете е дека косата седи поради недостаток на меланин, пигмент во фоликулите на косата, објаснува професорот по дерматологија д-р Гери Годенберг.

Генетиката игра значајна улога, а ако вашите родители рано добиле седа коса, веројатно тоа ќе биде случај и со вас. Ако никој во вашето семејство не добил седа коса рано, вашата коса може да биде седа поради следниве причини:

Недостаток на витамин Б12

Експертите не се сигурни зошто овој витамин влијае на пигментот на косата, но нивото на витамин Б12 можете да го проверите преку лабораториски анализи.

Стрес

Научниците докажаа дека честото изложување на стрес предизвикува косата рано да стане седа.

„Стресот го зголемува нивото на кортизол, што го зголемува бројот на слободните радикали и ги оштетува фоликулите и клетките кои произведуваат пигмент на косата“, вели дерматологот д-р Голденберг.

За жал, Голденберг тврди дека косата која еднаш станала седа никогаш не може да ја врати својата природна боја и покрај различните рецепти кои можат да се најдат ширум интернетот. Сепак, тој ве советува да ги преземете сите чекори за косата предвреме да не ви стане седа, како здрава исхрана, редовна физичка активност и непотребна изложеност на стрес.

Ако не се работи за генетика, нема друго решение освен фарбање на косата.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе