Зошто на некои жени им се тресат нозете по секс?

Дали некогаш ви се треселе нозете по добар секс? Станува збор за реакција на сексуално задоволство и е многу добра за психофизичкото здравје.

Ако сте се запрашале дали сè е во ред со вас, ако нозете не ви работат и ако колената ви откажуваат по секс, нема причина за загриженост. Станува збор за нормална реакција која им се случува на повеќето жени.

Зошто на жените им се тресат нозете по добар секс?

Одговорот на ова прашање всушност е многу логичен. Исто како што по интензивен тренинг чувствувате дека нозете не можат да ја издржат тежината на телото, а колената ви се толку слаби што тешко можете да ги свиткате, приближно истиот процес се случува и по интензивен секс.

Меѓутоа, во овој случај психата е одговорна за сексуалните реакции. Оваа интимна реакција е нормална и ретко кој може отворено да зборува за тоа, па многу жени мислат дека нешто не е во ред со нив, забележува д-р Џесика Вилијамс.

За да разберете зошто ви се тресат нозете, прво треба да разберете како вашето тело реагира на оргазам. За време на оргазмот доживуваме таканаречена миотонија, односно мускулна контракција во поголем дел од телото. Кога конечно ќе се опуштат мускулите, почнуваат да се тресат. Некои жени доживуваат и грчеви во карлицата, кои се јавуваат поради контракции на матката.

Во текот на сексот телото минува низ интензивно задоволство. Крвниот притисок се зголемува, срцето забрзано чука, а хормоните неконтролирано „танцуваат“ низ нашето тело. Доколку не ви се допаѓа ова чувство и сакате да го избегнете, внимавајте на положбата на нозете за време на сексот, советуваат експертите.

Ако ги држите нозете кренати подолго време, поголема е веројатноста дека ќе почувствувате треперење по сексот. Друг корисен совет е почесто да ја менувате секс позата.

Телото на сексот гледа како на еден вид шок состојба, па жените забележуваат различни реакции. Некои може да плачат, некои да почувствуваат наплив на еуфорија, некои да имаат затнат нос, забележува Вилијамс.

Што да преземете ако ви се тресат нозете по секс?

„Пиењето вода и внесувањето храна богата со калиум, како банани и авокадо, можат да помогнат во борбата против оваа појава. Колку подобро се хидрираат мускулите, толку е помала веројатноста да почувствувате какви било ефекти по сексот“, советува Вилијамс.

Според неа, по активен секс, добро би било да ги истегнете мускулите на нозете, а исто така е важен начинот на кој спиете како и удобноста на креветот.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе