Зошто научниците бараат меѓународната заедница на океаните да им даде статус на живи суштества?

Истражувачите и научниците во списанието PLOS Biology го изразија своето мислење дека океаните треба да добијат статус на живо суштество. Еве и зошто.

Океоните покриваат поголем дел од нашата планета, тие се делумно одговорни за производството на кислород, но исто така и значителни количини на ресурси - како храна, минерали и енергија. Меѓутоа, кога станува збор за еколошките конвенции на меѓународно ниво, тие се сведуваат на фусноти и преодни референци. Експертите веруваат дека овој став мора итно да се промени за да се надминат симболичните напори и да се развијат упатства кои гарантираат зачувување и одржливост на морските системи за идните генерации.

Истражувачите Мишел Бендер и Рејчел Бустаманте забележуваат дека одржувањето на статус кво кога станува збор за законот за животна средина е еднакво на правно уништување на природата и дека меѓународното право треба да еволуира за океаните и животот во нив да продолжат да постојат и да се регенерираат - бидејќи: „Здравјето на океаните е здравје на луѓето“. Овој заклучок со големи букви го наведоа во своето дело, а целта е да се подигне свеста за филозофски пристап кој нашата природна средина не ја става во посебен домен на експлоатација, туку ја поистоветува со човекот.

Нејзиниот клучен дел е „заемното унапредување“ на збир на принципи познат и како Закон за Земјата, кој има за цел да ја препознае меѓузависноста што постои помеѓу луѓето и околината преку институции и закони. Овој став не е нов, бидејќи во 2015 година Генералното собрание на ОН го препозна проблемот со одржливиот развој на океаните, поради што на крајот на 2017 година го прогласи периодот од 2021 до 2030 година за Океанска деценија.

Во меѓувреме беше формирана и Меѓувладината океанографска комисија, која предложи решенија и даде предвидувања на кои ќе работат во наредните години - како што е проширувањето на Глобалниот систем за набљудување на океаните и промените во односот на човекот со океанот. Некои од овие предизвици сигурно ќе бидат понапорни од другите поради мешавината на постојните конвенции и тензии кои моментално постојат, во однос на постојните дефиниции и рамки во однос на одржливите практики.

Сепак, научниците истакнуваат дека е јасно дека сегашниот систем не работи, океаните се менуваат на начини кои нема да им служат на идните генерации. Затоа, нивното мислење е дека оваа деценија дава можност за суштински промени во начинот на размислување, т.е. момент да се препознаат и третираат океаните како ентитети кои заслужуваат видови на права и почит што повеќето од нас ги земаат здраво за готово.

реклама

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе