Зошто не треба да се спие со отворени завеси?

Новата студија спроведена во Кина утврди зошто не треба да спиете со отворени завеси.

Имено, истражувачите изјавиле дека оваа практика може да го зголеми ризикот од мозочен удар за 43% бидејќи светлосното загадување го попречува квалитетниот одмор и ги оптоварува органите на телото. Светлосното загадување е промена на нивото на природна светлина во ноќни услови предизвикана од емисија на светлина од вештачки извори на светлина.

Ги анализирале податоците собрани од 28.000 луѓе за да го утврдат влијанието на загадувањето врз природниот ритам на спиење и будење и пронашле јасна врска. Д-р Џаинбин Ван рече:

„Нашето истражување сугерира дека повисоките нивоа на изложеност на вештачка светлина на отворено во текот на ноќта може да бидат фактор на ризик за цереброваскуларни болести“.

Поради оваа причина, тој ги советува луѓето, особено оние што живеат во урбани средини, да ја намалат изложеноста на овој вид светлина за да го зачуваат своето здравје.

Резултатите се објавени во стручното списание Stroke. Во период од шест години, тие го следеле здравјето на луѓе од ист град без историја на цереброваскуларни болести (каде спаѓаат аневризмата и мозочниот удар).

Тагови
реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе