Зошто некогаш сѐ што ни треба е некој да нѐ сослуша?

Иако сите посакуваме нашите чувства и потреби да ни се признаени, уважени и согледани, се чини дека нема нешто позаедничко кај луѓето од фактот дека многу често нашите најблиски го занемаруваат баш тоа.

Многу малку се трудиме да се (со)слушаме едни со други и да покажеме дека сме го примиле она што ни било споделено. Како резултат на ова занемарување луѓето стануваат гневни, а длабоко во себе – тажни.

Одговорот на оваа загрижувачка состојба е да ја направиме уметноста на слушањето глобален приоритет.

Една од работите кои најмногу ги посакуваме и за која најмногу копнееме (можеби подлабоко отколку што и самите си признаваме) е другите луѓе да ги уважат нашите чувства. Сакаме, во клучни моменти, другите (најблиските) да го сфатат нашето страдање, да ја забележат нашата вознемиреност и да ѝ дадат „легитимитет“ на нашата тага.

Сакаме да нѐ ислушаат и сослушаат. Не ни е секогаш потребно другите да се согласат со нашите чувства, туку она по кое копнееме е да ги уважат, во најмала рака.

Кога сме нервозни, сакаме другиот да ни рече: „Гледам дека си вознемирен/а. Сигурно се чувствуваш многу хаотично однатре“.

Кога сме тажни, сакаме некој да ни рече: „Знам дека си невообичаено нерасположен/а и сфаќам зошто.“

А кога веќе ни е преку глава од сѐ, сакаме некој нежно да ни каже: „Носиш преголем товар, го гледам тоа, се разбира дека ти е тешко...“

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе