Зошто португалскиот звучи како руски?

Многумина велат дека кога слушаат португалски јазик им звучи како да е руски. Па дури и полски. Од каде таа сличност, и дали навистина се работи за сличност?

Португалскиот јазик спаѓа во романската група на јазици заедно со јазици како италијанскиот, шпанскиот, францускиот, каталонскиот итн. Рускиот, пак, е во сосема друга група, како што знаеме, словенска група на јазици и тоа источната заедно со украински, белоруски и русински.

Единствената точка на поврзување на овие два јазика, географски поставени на двата краја на Европа, е тоа што и двата се од индо-европско потекло.

Па зошто тогаш португалскиот според звучноста луѓето често го мешаат со руски?

Прво, оваа сличност најчесто ја гледаат луѓе кои не говорат ниту еден од овие два јазика. Ним им звучат случно и покрај тоа што не можат да си објаснат зошто. А, пак, на некои Полјаци португалскиот јазик им делува како неразбирлив полски.

Португалците, кога на далечина слушаат руски, без да знаат кој јазик е и без да можат да слушнат доволно за да разберат, исто така велат дека им се слуша како да е нивниот јазик.

Како е можно тоа?

Една од главните причини за оваа каква-таква сличност помеѓу португалски и руски е краткоста на акцентираните слогови. Пример за тоа е кога слогот „тон“ се изговара како „т'н“, односно се губи гласот о. Ова е честа појава и кај двата јазика.

Потоа тука се и зборовите кои содржат премногу согласки една до друга, како на пример португалскиот збор „desprezar“ чиј изговор е д'шпрзар и рускиот збор „всплеск“. Четири согласки една до друга даваат навистина посебен звук. Или како нашиот „смрт“, за да објасниме подобро да што се мисли.

Ако во рускиот јазик употребата на гласовите за буквите Ш, Ч, З и Ж е честа, тоа не е случај кај романските јазици (зборуваме за честа употреба на сите овие букви, не само некои), но тоа е исто така случај во португалскиот каде овие гласови се премногу чести.

Португалскиот и рускиот имаат уште сличности, а нив нјадобро може да ги објасни експертот за јазици и полиглот, Пол од Langfocus.

Remote video URL
Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Чек дис аут

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

„Наркомачка“ фатена како шверца дрога во затвор во Костарика

Read more

15 најнеобични летечки возила

Read more

Прошетка низ Битола од 60-тите и 70-тите

Read more
 

Магазин

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе