Зошто сите диети со малку јаглехидрати не помагаат во слабеењето?

Ф.З.
/ 28.12.2023 / 10:23

Не сите диети со ниски јаглехидрати се создадени еднакви кога станува збор за губење на тежината, покажува една студија.

Диетите кои уште и содржат некои рафинирани јаглехидрати или кои се потпираат на месни протеини, всушност ги предизвикуваат зголемување на килограмите, откриле истражувачите од Универзитетот „Харвард“.

„Само диетата со ниски јаглени хидрати која ги нагласуваше протеините и мастите од растително потекло, како и интегралните житарици, им помогна на луѓето да намалат килажа“, велат тие.

Водечкиот автор на студијата, Бинкаи Лиу, вели дека квалитетот на диетата со малку јаглехидрати може да игра клучна улога во модулирањето на долготрајната промена на тежината.

„Само диетата со ниски јаглехидрати која нагласува висококвалитетни протеини, масти и јаглехидрати од цели зрна и друга растителна храна беше поврзана со помало зголемување на телесната тежина“, велат тие.

Диетата со малку јаглехидрати го ограничува внесот на јаглехидрати како тестенини и слатка храна. Претходните истражувања сугерираа дека диетите што го прават тоа може да им помогнат на луѓето да изгубат тежина и да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Најновата студија, објавена во JAMA Network Open, анализирала податоци од повеќе од 123.000 возрасни за да се утврди дали еден вид диета со ниски јаглехидрати влијае на губење на тежината.

Истражувачите ги следеле луѓето на диета со ниски јаглени хидрати која ги нагласувала или протеините и мастите базирани на месо и рафинираните јаглехидрати или растителните протеини и здравите масти.

Исхраната се проценувала на секои 4 години со помош на прашалник. Оние што јаделе најмалку рафинирани јаглехидрати имале поголемо губење на тежината, а оние што јаделе најмногу добивале најмногу килограми. Разликите биле поголеми кај луѓето кои веќе биле дебели, наведуваат истражувачите.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе