Зошто Скопје треба да стане Зона 30?

Групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје, НА ТОЧАК, уште еднаш апелираше за намалување на дозволената брзина во градска средина, откако во тешка сообраќајна несреќа што се случи завчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ загина 25-годишна девојка, а едно лице беше повредено.

Во објава на Facebook, НА ТОЧАК образложија зошто цело Скопје (освен булеварите) треба да стане Зона 30 и зошто на булевар не смее да се вози повеќе од 50 км/ч.

„Возењето прилагодено на условите во населено место спасува животи, а брзината убива. Знаејќи го тој факт, ако некој свесно вози побрзо од дозволеното низ населено место, треба да одговара за убиство со умисла“, стои во објавата.

Полицијата мора да се ангажира и да ги впрегне сите човечки и технолошки потенцијали да не постои еден некaзнет што надминал 50 км/ч, апелираат од НА ТОЧАК и додаваат дека Градот мора да ги дизајнира булеварите со потесни ленти (максимум 3 метри) и помали радиуси на свртување кои одговараат на брзини до 50 км/ч, а не на брзини до 90 км/ч.

НА ТОЧАК исто така предлагаат:

  • Мерки за смирување на сообраќајот соодветни за булевари.
  • Градот мора да го изработи документот Визија Нула - стратешки документ за нула жртви во сообраќајот, за чија изработка гласаше Советот пред 1 месец.
  • Општините под итно треба да ги прогласат сите свои улици за Зона 30.
  • РСБСП и автошколите да се фокусираат со најризичните групи на возачи.
  • А обинителствата и судот да не ги третираат овие удари како несреќи!

Ако возачот возел со соодветна брзина, ќе закочел навреме и ќе се избегнел ударот или немало да биде смртоносен, велат тие и потсетуваат дека порастот на брзината експоненцијално ја зголемува шансата за фатален исход.

„Ако при брзини од  30 км/ч шансата за преживување е 90%, при 50 км/ч, шансата за преживување е 60%, при 60 км/ч се намалува на 20%, а веќе за брзини над 70 км/ч, шансата за преживување на пешак е 0%, нагласуваат од НА ТОЧАК.

Зошто цело Скопје (освен булеварите) треба да стане Зона 30 и зошто на булевар не смее да се вози повеќе од 50...

Posted by НаТочак - NaTochak on Saturday, January 22, 2022

Продолжете да читате: Додека нашите улици се писти, уште еден европски град ја ограничува брзината на 30 км/ч

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе