Зошто жените раскинуваат, иако се заљубени?

Неизбежно е дека во врските ќе дојде до криза и сложени ситуации во кои понекогаш е потребна помош од професионалец за да се најде соодветно решение, но експертите се согласуваат дека постои една вистина за која треба да бидат свесни сите мажи, а тоа е дека жените ги оставаат и мажите што ги сакаат.

Им се крши срцето, но ќе се си заминат. Ќе собере храброст, ќе се спакува и ќе си замине. Да, жените оставаат мажи со кои имаат деца, заеднички дом и живот. Тие заминуваат од повеќе причини, но една е особено изненадувачка и достојна за внимание: тие заминуваат затоа што човекот што го сакаат не е присутен. Тој или работи цел ден, или се занимава со некое хоби, игра компјутерски игри, гледа телевизија, оди на риболов... на листата ѝ нема крај.

Тие не се лоши луѓе, добри се со своите жени, тие се добри татковци, се грижат за своето семејство, тие се топли и пријатни луѓе... Но, жените ги зеле здраво за готово. Тие едноставно не се присутни, но очекуваат дека жената секогаш ќе биде тука.

Она што голем број мажи конечно треба да го разберат е дека жените не се нивна сопственост, тие не се должни да им го предадат своето срце и чувства, туку треба самите да ги заслужуваат. Малку по малку, ден по ден, момент по момент. Жената ќе ја освоите и ќе ја задржите со тоа што сте присутен и ангажиран. Таа сака да разговара со вас за она што ѝ е важно и потребно ѝ е да чувствува дека внимателно ја слушате, а не само љубезно да климате со главата. Не само да ја смирувате или пак постојано да ѝ противречите. На жената ѝ е потребно да ѝ ги уважите чувствата и мислите, стравовите и надежите.

Секс на брзинка знае да биде супер, но како дел од „палетата“ на сексуални задоволства. Не ѝ треба галење ако умот не ви е тука. Сака да ја почувствува вашата страст. Прашајте се дали можете самите да ја почувствувате вашата страст? Можете ли да ѝ го покажете тоа и нејзе? Не само страст кон неа или сексот, туку страст кон вашиот заеднички живот и животот воопшто. Дали воопшто го чувствувате тоа? Ова е она што всушност е најпривлечно за жените кај мажите. Па, ако сте го изгубиле тоа, време е да се прашате зошто? Каде отиде вашата страст за животот? Обидете се да го најдете и да го најдете повторно. Ако не успеете во тоа, вашиот живот ќе биде само залудно постоење.

Ако, пак, мислите дека сте присутни во животот на вашата сопруга или партнерка, пробајте да ја сослушате. Дали ви лутаат мислите? Кога ќе ја погледнете, колку длабоко можете да ја видите? Погледнете ја повторно, подобро овојпат. Задржете го погледот подолго отколку што го правите тоа вообичаено. Ако ве праша зошто го правите ова, кажете ѝ: „Сакам да погледнам во твојата душа, да ги видам твоите чувства. Се прашувам што се крие во твоите мисли. После сите наши години заедно, јас сè уште сакам да знам кој си секој ден“. Но, кажете го тоа само ако навистина го мислите.

Кога ја допирате, бидете целосно фокусирани на неа. Пред да ја допрете со рака, обидете се да ја почувствувате вашата рака и потоа да разберете каква промена ќе се случи кога ќе се појави контактот. Што се случува во вашето тело? Како се чувствувате? Обидете се да ги разберете оние најсуптилни сензации и емоции и да ѝ кажете сè што чувствувате од момент во момент.

И мала забелешка за жените: сето горенаведено важи и обратно.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Љубов и секс

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе