Зверев објави лоша вест: Повредата е сериозна, ова е тежок момент за мене

Германскиот тенисер Александар Зверев заработи тешка повреда на десната нога вчера на дуелот против Рафаел Надал во полуфиналето на Ролан Гарос.

Натпреварот беше прекинат по три часа игра при резултат 7:6, 6:6 за Надал бидејќи Германецот при еден удар се обиде да се „лизне“ на земјена подлога на стадионот во Париз, но ногата му се „закопа“ по што падна и се фати за зглобот на десната нога.

Ситуацијата беше толку сериозна што тој во солзи го напушти теренот во инвалидска количка, а од комплексот на Ролан Гарос излезе со патерици и со имобилизирана десна нога.

Зверев доцна синоќа по полноќ објави стори на Instagram, а според него ситуацијата е многу сериозна.

„Ова е многу тежок момент за мене. Беше фантастичен натпревар до она што се случи. Се чини дека повредата е сериозна, лекарите ќе направат повеќе тестови и за сè ќе ве информирам кога ќе дознаам повеќе информации“, соопшти Зверев.

„Му честитам на Надал за влезот во 14. финале на Ролан Гарос и се надевам дека ќе го освои и ќе продолжи да пишува историја.“

Зверев и покрај тоа што важи за еден од најдобрите тенисери во светот и моментално е третопласиран на АТП листата, уште нема освоено Грен слем турнир во кариерата. Најблиску до тоа беше во 2020 година кога играше во финалето на УС Опен, но беше поразен од Доминик Тием.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе