Зверев: Против Ѓоковиќ мора да играш совршено, инаку нема да победиш

Олимпискиот шампион Александар Зверев ги сподели своите очекувања од средбата со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен.

– Пред натпреварот со Новак, се подготвувате да ја прикажете вашата најдобра игра. Треба да играте совршено против него, инаку нема да победите. Но, честопати не сте во можност да го одиграте совршениот натпревар, поради што секој губи од него толку често. Треба да ја изнудите победата од него, тој самиот никогаш нема да подари ништо. Со него треба да доминирате и да направите што е можно помалку неизнудени грешки, изјави Зверев.

Германскиот тенисер објасни и на што мислел кога рекол дека победата над Ѓоковиќ во Токио му дала многу на психолошки план.

– Олимпијадата е најважниот турнир во светот. Изгубив сет и брејк од првиот рекет на светот, но излегов од критична ситуација и ја свртев играта. Беше необичен натпревар, доживеав уникатни емоции. Беше убаво да се освои медал за Германија. Сфатив и дека сум првиот во сезоната што го победи Новак во навистина важен натпревар за него. Тој не загуби од никого и освои неколку Грен слемови по ред. Секако дека тогаш ќе добиете зголемување на самодовербата. Се надевам дека ќе можам да ја продолжам мојата успешна серија, додаде Зверев.

Мечот Ѓоковиќ – Зверев е закажан за утревечер. Србинот е прв, Германецот четврти носител на Грен слемот во Њујорк кој се игра за награден фонд од 57,5 милиони долари. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе