Ѕвездата на „Стела“: Не треба секогаш човек за да имаш љубов

Александра Спасеска
/ 14.09.2020 / 18:15

„Стела“ - првиот македонски детски семеен филм – ќе го отвори годинашното издание на Фестивалот на европски филм Синедејс (Cinedays) што ќе се одржи во „летен термин“, од 18 до 24 септември.

Конечно ќе можеме да ја видиме светската премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ, во продукција на Дрим фактори, која беше одложена поради корона-кризата.

Приказната за шарпланинката Стела, Никола и неговиот дедо е приказна за вистинските семејни вредности, истакнува продуцентот Огнен Антов, надополнувајќи дека „Филмот ‘Стела’ е  првата домашна еко или зелена продукција. Бевме водени од најновите светски еколошки стандарди, да го намалиме производството на отпад на минимум, да ја намалиме емисијата на штетни гасови, да го рециклираме отпадот и сл. Инаку снимањето на филмот се oдвиваше во Скопје, а потоа продолжи во живописниот Галичник и на падините на планината Бистра, а заврши во Штутгарт – Германија“.

Фото: КАЈГАНА

Во филмот главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Remote video URL

На денешната прес-конференција на која беше најавен Синедејс гостуваше и добар дел од екипата на „Стела“, вклучувајќи го режисерот Стојан Вујичиќ кој нагласи дека „секое дете има своја ѕвезда“ и дека „секое дете има право да ја најде својата ѕвезда, своето место под сонцето“.

СТОЈАН ВУЈИЧИЌ ЗА „СТЕЛА“: Се водев по човечкиот модел на семејство, не се идентификувам со балканскиот принцип

Како режисер кому третирањето социјално ангажирани теми не му е туѓо, Вујичиќ рече дека технички, филмот има за цел да ги истражи овие теми, а идејно е желбата да се најде местото каде се припаѓа.

„Децата во нашето општество , иако се деца, иако мислиме дека ние ги воспитуваме, им даваме насоки , мора да им ослободиме простор кога ќе дојде времето, за да си ја докажат својата индивидуалност. Во спротивно, ќе добиеме бунтовници кои ќе се борат до крај и нема ни на нив да им биде јасно, зошто и како“, рече режисерот на новинарското прашање зошто избира да работи на филмови за деца.

На младиот Петар Маниќ, кој имал искуство пред камера претходно, ова му е прв долгометражен филм. Беше срамежлив, но многу искрен и непосреден пред новинарските екипи на прес-конференцијата.

Фото: МИА

Кажа дека на ликот работел со помош на Вујичиќ, но дека црпел и од лично искуство како жртва на булинг. Уште живо и со насмевка се сеќава на снимањето со шарпланинката со која оформил специјална врска.

Во текот на снимањето ја скршил и ногата, па некои сцени се снимани со дублер. За младиот актер тоа било голем шок, но реагирал со ретка професионалност на млад човек – „Веднаш помислив на Стела! Што ќе ѝ кажам на екипата?“.

На прашањето од редакцијата на Kajgana.com која е пораката што лично за него ја испраќа филмот, Петар сериозно и одлучно одговори:

„ Не треба секогаш човек за да имаш љубов.“

Дејан Лилиќ, кој ја игра улогата на таткото во филмот, рече дека оваа улога му била особено важна и тоа не само бидејќи снимал и на македонски и на германски јазик.

Фото: КАЈГАНА

Актерот рече дека неговиот ракурс на целиот овој филм и на неговата улога било откривањето на односите маж-жена, маж-жена-дете, мажот и семејството...

„Филмов ме научи да не сме толку проклето амбициозни. Од моментот кога сме решиле да имаме семејство, не сме веќе сами“, рече Лилиќ, кој игра и во филмот што го затвора Синедејс 2020 – „ХОМО“ на Игор Иванов-Изи.

реклама

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе