30 работи кои нѐ научи пандемијата (досега)

Новиот коронавирус е злото на денешницата. Ги принуди луѓето да седат затворени дома, убива илјадници луѓе, ги затвори границите, убива бизниси и продолжува да ја руши економијата.

И додека SARS-CoV-2 на анти-ваксерите им дава демо верзија од светот без вакцини, а човештвото сѐ уште ја води битката со непријателот кој нѐ фати со спуштен гард, не може, а да не размислиме за поуките и заклучоците кои можеме да ги извлечеме од сето ова што ни се случува. 

Што научивме од глобалната COVID-19 пандемија?

1. Не е добро да се јадат лилјаци.

2. Здравјето е скапоцено, а здравството треба да биде топ приоритет.

3. Кризните планови треба да се сфатат сериозно. Или барем да постојат.

4. Кога ќе загусти, државите (и сојузниците) немаат никаква меѓусебна соработка.

5. Не е доволно само да се мијат раце, туку правилно и детално.

6. Производството на тоалетна хартија е супер бизнис.



7. Возможно било да се држи растојание на каси и шалтери.

8. Народот може да живее и без обложувалници.

9. Попаметно е да се купи медицинска опрема, отколку да се учествува на Евросонг.

10. Документите можеле да се издаваат и електронски, а едукацијата дигитално.

11. Системот за дигитална едукација и е-услуги треба да се доразвијат.

12. Секој бизнис треба да има е-продавница.

13. Угостителите можеле да се придржуваат до строгите мерки за заштита.

14. Голем дел од работите можеле да се завршат и од дома.

15. Голем број од состаноците можеле да бидат e-mail.

16. Семејството е битно и не треба да го запоставиме.

17. Не било страшно да се поминува повеќе време со своите деца.

18. Пиперките содржат повеќе витамин Ц од лимонот.

19. Во Венеција имало делфини, а во Скопје само патките преминуваат улица на пешачки.

20. Доставата на производи можела да биде бесплатна или барем поевтина.

21. Општините можеле да обезбедат подобри хигиенски услови за граѓаните.

22. Јавните површини, автобусите и влезовите можеле да се дезинфицират редовно.

23. Во вонредни и тешки услови, постојат хумани луѓе и одговорни компании кои помагаат.

24. Во вонредни и тешки услови, постојат нехумани луѓе и неодговорни компании кои профитираат преку измами или нереално високи цени.

25. Експертите за фудбал, ракомет и Евросонг се трансформираат во епидемиолози побрзо од ширењето на самиот вирус.

26. Постојат луѓе (идиоти) кои на своја рака „превентивно“ би земале апчиња (за кои прв пат слушаат) само за „да се спасат“.

27. Треба пожестоко да се бориме против лажните вести.

28. Сме имале повеќе од двајца толкувачи на знаковен јазик.

29. Не треба да ги потценуваме слободното движење, социјализацијата, спортот и активностите на отворено.

30. Секој може да придонесе за подобро утре, дури и со седење дома.
 

Имате нешто да додадете во листата? Пишете ни во делот за коментари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе