5 прашања што треба да си ги поставите пред да побарате развод

Ако сте решиле да се разведете, важно е да ги имате одговорите на прашањата разработени понатаму во овој текст.

Доколку долго време размислувате да одлучите дали да се разведете или мислите дека сте донеле цврста одлука, има тест кој покажува колку сте сигурни во она што го сакате. Психолозите советуваат дека е важно да ги разликувате добрите и лошите работи во бракот, а тоа можете да го направите така што ќе си ги поставите следните прашања.

Дали постојат дефинитивните знаци дека бракот мора да заврши?

Кои се дефинитивните знаци дека сте стигнале до крајот на патот, се прашувате? Доколку има злоупотреба во вашиот брак, без разлика дали е сексуална, физичка, вербална, економска или емотивна, тоа е сигурен аларм дека треба да го прекинете бракот со партнерот. Ако некој се однесува на начин што го прави нормалното живеење невозможно, тоа е доволна основа за развод.

Ако вашиот партнер е склон кон зависност, пороци, има тенденција да се опива, а потоа да ве малтретира на кој било начин, се коцка, ве омаловажува и слично, јасно е дека вашата одлука за развод е вистинскиот избор.

Ако живеењето со вашиот партнер стана несигурна средина за растење и воспитување деца, разводот треба да биде неизбежен чекор.

Ако дошло до неверство, дали сте подготвени заедно да работите на врската?

Кога ќе се случи неверство, има луѓе кои се подготвени да простат, а подоцна излегува дека не го направиле тоа навистина. Можете ли да простите и да живеете со предавството, измамата? Иако постојат парови кои можат да функционираат и по изневерувањето, важно е внимателно да размислите дали сте подготвени за такво нешто.

Дали и двајцата сте подготвени и посветени да се промените и да бидете подобри?

Тешко е да останете во брак со некој кој е непоколеблив во повредувањето на вашите чувства или игнорирањето на вашите потреби. Можеби партнерот не ви посветува доволно внимание или не ве почитува како порано и ништо нема да биде подобро ако нивното однесување не се подобри. Внимателно размислете дали вие или вашиот партнер навистина сакате да се промените.

Дали проблемот ќе се реши?

Не секое несогласување или расправија е причината зошто треба да побарате адвокат. Размислете дали проблемот е нешто што може да се реши со текот на времето или мислите дека е речиси невозможно.

Дали животот ќе ви биде подобар без партнерот и по разводот?

Ако можете да се замислите себеси посреќни, да ги остварите вашите соништа и генерално да живеете подобар живот без вашиот сегашен партнер, тогаш има смисла да го прекинете бракот и да поднесете барање за развод.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе