УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

5 работи што ги научивме во пресрет на реваншот Интер - Милан

Интер ги собра аплаузите по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите победувајќи го условно кажано домаќинот Милан со 2:0. Што треба да очекуваме во реваншот во вторник?

Никој никогаш не се збогатил обложувајќи се на дерби натпревари. Како што сугерира старото клише, подобро е да имате отворен прозорец за да го фрлите листот секогаш кога двајца историски ривали ќе ги вкрстат копјата. Дефинитивно избраниците на Симоне Инѕаги заслужија предност по првата пресметка на „Џузепе Меаца“, но што открија нивните најнови натпревари во Серија А - ако ништо друго - за следниот распродаден судир на ова славно Дерби дела Мадонина?

No Leão, No Wow

Никој нема да се изненади ако му го кажете ова, но факт е дека „Росонерите“ се бескрајно послаба екипа без нивниот талисман Рафаел Леао. Во првото полуфинале Интер успеа да го стави под притисок Милан без страв од убиствените контри поради отсуството на неверојатно талентираниот Португалец. Она што беше поразочарувачки е тоа што тие изгледаа подеднакво неопасни против малата Специја во саботата и успеаја да упатат само неколку удари кон противничкиот гол, бидејќи Анте Ребиќ, Дивок Ориги и хронично незабележителниот Шарл Де Кетеларе не успеаја да блеснат. Ако има некаква просторија за молитви во Миланело, таа сигурно била преполна во текот на изминативе неколку дена и тоа со клупските функционери кои бараат божествена интервенција за да го вратат како победници од одлучувачкиот натпревар во вторник.

Биг Ром е подготвен и чека шанса

Ако сакавте поостар контраст од ситуацијата на црвено-црната страна на градот, тешко дека би можеле да најдете појасен од настапот на Ромелу Лукаку против Сасуоло. Додека резервните напаѓачи на Стефано Пиоли варираат меѓу несреќни и безнадежн, горостасниот Белгиец со два гола викендов му испрати порака на својот тренер дека ќе биде подготвен доколку му биде дадена шанса. Со одличниот Един Џеко во првиот натпревар и Лаутаро Мартинес секогаш подготвен за борба - без разлика дали како стартери или од клупата - „Нераѕурите“ имаат низа напаѓачки оружја за кои би убиле нивните братучеди. Доколку му треба поголема офанзивна моќ за време на реваншот, Интер има многу опции.

Притисокот е врз Пиоли

Во фудбалот, благодарноста е потешко да се намириса од тартуф како награда во ридовите на Пиемонт. Можеби мислите дека неверојатното освојување на Скудетото со тим кој не изгледаше најсилен во лигата ќе му купеше време на тренерот на Милан, но – барем за некои делови од поддршката – ќе погрешите. Очигледно, хаштагот #PioliOut повторно цвета на социјалните мрежи и тој и неговиот тим беа повикани да дадат објаснувањедо навивачите кои отпатуваа на поразот на гости кај Специја. Според нивниот тренер, вознемирените ултраси сакале само да го „охрабрат“ својот тим да се претстави подобро, но ветераните следбеници во Серија А знаат дека тоа често вклучува од некакво пеење до фрлање на сферични објекти. Се чини сомнително дека му требаше разговор со некој навивачки воџа за да го натера тимот да разбере колку е важен претстојниот натпревар, но ако го има посакуваниот ефект, сите веројатно ќе бидат среќни. Сепак, сомнежите се дека играчите веќе добро знаеле што значи натпреварот без да мора да им биде одржано ова предавање вон теренот.

Интер не е непробоен

Откако примија само еден гол во последните шест натпревари, „Нераѕурите“ барем им дадоа надеж на своите противници примајќи два гола против Сасуоло. За волја на вистината, тоа беше далеку од нивната прва одбрана, а воедно и резервистот ветеран Самир Хандановиќ го замени првотимецот Андре Онана на голот, но Симоне Инѕаги сепак сигурно е разочаран што не ги затегна работите позади. Ран гол за Милан сепак може повторно да ја отвори конечната квалификациска дискусија, а тоа не изгледа толку неверојатно врз основа на овој последен натпревар. Сите ќе очекуваат почеличен приказ кога влогот е поголем, но тоа му покажа на Пиоли дека има начини да се поништат одбранбените стратегии кои толку добро му служеа на неговиот противник во Европа досега.

Силата е во богатиот ростер

Останува како вечер срам за Интер тоа што не се претставија подобро во Серија А сезонава и загубија толку многу натпревари, но викендов потврди колку неговиот тим е посилен од градскиот ривал. Тој јаз беше нагласен во средата кога Инѕаги можеше да ги повика Марцело Брозовиќ, Лукаку и Стефан Де Врај да ја засилат неговата екипа заедно со солидниот Роберто Гаљардини и неконзистентниот, но потенцијално брилијантен Хоакин Кореа. Жуниор Месиас, Малик Тао, Ориги, Пјер Калулу и Томазо Побега од Милан изгледаа како дефинитивно поограничен сет на играчи. Викендов, со едно око на двете страни кон Европа, „резервите“ на Интер се претставија многу подобро од нивните колеги од Милан. Ако Пиоли успее да направи кам-бек со ресурсите со кои располага, тој би заслужил место во клупската куќа на славните - без разлика дали ќе добие отказ.

Анализата е на Џанкарло Риналди, експерт за Серија А во Football Italia.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе