Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Откако беше ослободен од лажните обвинувања за расизам, Франческо Ачерби и натаму го гледаат со други очи.

Дефанзивецот на Интер и репрезентативец на Италија сосема непотребно помина низ голгота откако Жуан Жезус лажно го обвини за расизам. Дефанзивецот на Наполи во жарот на играта успеа да најде некоја рачка и да си погра со Ачерби надвор од теренот.

Откако сите обиди да се оцрни во моментов најдобриот италијански дефанзивец пропаднаа, се огласи и самиот Ачерби, кој обвинувањата дека е расист ги отфрли како апсурди. А, какви и би биле кога станува збор за човек кој растел идолизирајќи го Жорж Веа?

„Минав голгота, видов како луѓето околу мене реагираат како да сум ослободен по 10 години затвор. Пресудата е ослободување, но тажен сум за тоа како сите ме напаѓаа без да знаат ништо. Воочив голем бес, како да сум убил некого“, рече Ачерби.

„Сега, откако бев ослободен, би сакал да ја кажам мојата вистина. Без да имам апсолутно ништо против Жуан Жезус, всушност спротивното, затоа што и мене ми е многу жал за него. Но, не можете да наречете човек расист за погрешно разбран збор во жарот на играта. И не можете да продолжите да го правите тоа дури и откако ќе бидам ослободен... Но, ова не е борба против расизмот, немаше расизам на теренот и јас не сум расист: мојот идол беше Жорж Веа. Кога ми беше дијагностициран туморот, добив телефонски повик од него што сè уште ме прави емотивен“, заврши тој.

Во жарот на играта Ачерби на Жезус му рече „ќе те помодрам“, алудирајќи на тоа дека ќе го истепа. Но, бидејќи изразот на италијански е „ti faccio nero“ (ти фачо неро), што во буквален превод значи „ќе те направам црн“, Бразилецот го сфати како расистички напад и го пријави Ачерби.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе