НБА 2022/2023

Адетокунбо со нов трипл-дабл израмни НБА рекорд

Грчкиот чудак повторно одигра извонредна партија и израмни рекорд стар 51 година. Хрватот Богдановиќ одигра одлична партија во победата над актуелниот шампион Голден Стејт.

Јанис Адетокунбо постигна 30 поени, имаше 21 скок и 10 асистенции во неговиот втор трипл-дабл сезонава и 31-ви во кариерата во победата на Милвоки Бакс над Торонто Репторс со 104:101.

Воедно и израмни 51 година стар рекорд во НБА, станувајќи прв од 1972 година и Карим Абдул-Џабар со 200+ поени, 80+ скокови и 30+ асистенции во период од 5 натпревари.

Remote video URL

Еден од најдобрите натпревари во сезоната одигра Бојан Богдановиќ во победата над актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс од 122:119.

Неговиот Детроит Пистонс со тројка во последната секунда го победи Пистонс. Богдановиќ за нешто повеќе од 33 минути игра постигна 29 поени за својот тим.

Богдановиќ заврши со 10/15 од поле, од кои одлични 5/6 за три поени. Уфрли 4 од 5 слободни фрлања, а имаше и 4 скока и 4 асистенции

Детроит имаше три поени предност на 4,2 секунди до крајот, а потоа Клеј Томпсон со тројка израмни на 119:119. Во последната секунда пред крајот на натпреварот Пистонс ја зедоа топката од страничната линија, Беј ја прифати и ја внесе в кош за победа.

Џејлен Дурен поентираше од сите 8 обиди и натпреварот го заврши со 18 поени и 11 скока.

Remote video URL

Феникс Санс беа поразени од Кливленд Кавалирс со 88:90. На 4 секунди до крајот Еван Мобли постигна поен. Санс ги предводеа Крис Пол со 25 поени и 8 асистенции и Деандре Ајтон со 15 поени и 18 скока.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Мемфис Гризлис 107:131
Кливленд Кавалирс - Феникс Санс 90:88
Орландо Меџик - Оклахома Сити Тандер 126:115
Филаделфија 76ерс - Индијана Пејсерс 129:126
(прод.)
Њујорк Никс - Сан Антонио Спарс 117:114
Торонто Репторс - Милвоки Бакс 101:104
(прод.)
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 121:112
Минесота Тимбервулвс - Портланд Трејл Блејзерс 113:106
Њу Орлеанс Пеликанс - Хјустон Рокитс 119:108
Голден Стејт Вориорс - Детроит Пистонс 119:122
Лос Анџелес Лејкерс - Мајами Хит 112:109
Сакраменто Кингс - Атланта Хокс 117:120

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Кошарка

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

Read more

Дончиќ како туристички водич: Играчите на Лејкерс ќе ја посетат Словенија

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе