Адвокатот откри зошто се крие вистинската состојба на Шумахер, имало идеја сè да се објави

Ф1
А.С.
/ 30.10.2023 / 19:58

Многу фанови на Михаел Шумахер (54) со години се прашуваат за неговото здравје, но сепак речиси ништо не се знае за здравјето на легендата на Формула 1. Неговиот адвокат објасни зошто е тоа така.

Феликс Дам за магазинот Legal Tribute Online изјави дека имало можност да обелоденат сè, но на крајот сфатиле дека тоа нема да биде добро решение.

„Секогаш се работеше за заштита на приватните работи. Се разбира, разговаравме многу за тоа како тоа е можно. Всушност, имаше идеја да се објави конечен извештај за здравјето на Шуми, но тоа не се случи поради одредена причина“, рече Дам, па дообјасни.

„Не би завршило тука и извештаите за неговата состојба ќе мораше постојано да се ажурираат. Медиумите можеше одново и одново да пишуваат за тоа и да прашуваат: ‘А како изгледа сега?’. Еден, два, три месеци или една година. Тогаш би било тешко да се преземат мерки против таквото пишување“, објасни Дам, кој го следи Михаел Шумахер како адвокат од 2008 година.

URL

Да потсетиме, седумкратниот светски шампион се повреди на 29 декември 2013 година додека скијаше на француските Алпи, удирајќи со главата во карпа. Иако носел скијачка кацига, се здоби со тешки повреди на главата и беше пренесен во болницата во Гренобл каде беше опериран и ставен во индуцирана кома.

Во овие речиси десет години имаше безброј шпекулации поврзани со здравствената состојба на легендарниот Германец, но многу од нив за многу кратко време беа демантирани од неговото семејство и менаџерот.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе