ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Агостинели: Сигурен сум дека Спалети не сака да го види Роналдо во тимот

Поранешниот предводник на Наполи, Андреа Агостинели, ги советуваше „Аѕурите“ да не го ангажираат напаѓачот на Манчестер Јунајтед, ѕвездата Кристијано Роналдо.

Во пресрет на затворањето на преодниот рок, италијанските медиуми објавија дека 37-годишниот Португалец би можел да се пресели во наполитанскиот клуб доколку напаѓачот Виктор Осимхен се пресели во редовите на „Врвените ѓаволи“.

„Би сакал да ги слушнам размислувањата на Спалети за тоа дали евентуалното доаѓање на Кристијано во добро склопен тим ќе биде проблем или не. Некои играчи веќе почнаа да се бунтуваат. Роналдо можеби постигнува голови, но игра за себе. Зошто да си создаваш проблем? Доколку дојде Кристијано, ќе мора да игра постојано. Сигурен сум дека Спалети не го сака Роналдо во тимот. Ако ти дадат 100 милиони евра, треба да го продадеш Осимхен, но не е неопходно да се потпише Португалецот на негово место“, истакна Агостинели.

Оваа сезона Роналдо учествуваше на 4 натпревари во Премиер лигата, нема постигнато гол или направено асистенција. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.

Осимхен има 2 гола и 1 асистенција на 2 натпревара за Наполи сезонава во Серија А Договорот на напаѓачот со клубот е со важност до летото 2025 година.

Агостинели кратко го водеше Нашоли во 2003 година кога клубот беше во Серија Би, а како играч една сезона настапи за „Аѕурите“ и тоа во сезоната 1979/1980.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе