ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Агуеро потпиша за Барселона

Серхио Агуеро од денеска е нов играч на Барселона за која, според договорот, ќе настапува во наредните две сезони.

После цели 10 сезони во дресот на Манчестер Сити, Кун Агуеро се враќа во Ла Лига. Денеска стана нов играч на Барселона потпишувајќи двегодишен договор со откупна клаузула од 100 милиони евра. Доби краток договор веројатно поради неговата возраст бидејќи задутре полни 33 години.

Аргентинскиот голгетер утрово ги мина лекарските прегледи на „Камп Ноу“, а на клубот официјално ќе му се приклучи на 1 јули кога ќе му истече договорот со Манчестер Сити.

Агуеро во Англија дојде летото 2011 година од редовите на мадридски Атлетико за кого настапуваше пет сезони по доаѓањето од Индепендиенте.

Во десетте сезони на Островот освои 5 титули во Премиер лигата, 1 ФА куп титула, 6 во Лига купот и 3 пати англискиот Суперкуп. Претходно со Атлетико ги освои Лига Европа и Суперкупот на УЕФА.

Со овој трансфер Барса ќе го обедини долгогодишното напаѓачко дуо на репрезентацијата на Македонија, односно Лео Меси и Кун Агуеро. Всушност, Меси е кум на детето на Агуеро, па трансферот веројатно е и дел од договорот за Меси да остане во каталонскиот клуб.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе