ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Академија Пандев ѝ парира на Шкендија: Донесе играч од Северен Кипар

Откако тетовчани се пофалија со ангажман на фудбалер од втората лига на Велс, струмичани веќе наредниот ден им вратија со бомба: потпишаа со играч од непризнаената лига на Северен Кипар.

Ндуе Мујеци е најновото засилување за струмичкиот тим кој треба да го појача нападот и да донесе многу голови.

Овој 26-годишен напаѓач е Албанец роден во Скадар кој кариерата ја почнал во младинскиот тим на локалниот клуб Влазнија. Потоа играл во второлигашот Ада пред да замина надвор од родната земја. Почнал од латвискиот Вентспилс, потоа играл за бугарските Пирин и Дунав, па во грузиски Сабуртало од каде во 2018 се сели на Кипар, ама на турскиот дел од островот. Игра за Генчлик Гуџу, прави авантура до Хонгконг во тимот на Хепи Вали, па се враќа во Северен Кипар во редовите на Џихангир од каде доаѓа во Струмица.

Најмногу му одело во латвиската лига, инаку послаба од македонската, каде во две години одиграл 64 натпревари, постигнал 23 голови и запишал 9 асистенции. Но, тоа било пред 3 и пол години. Во од УЕФА непризнаената лига на Северен Кипар изминатава полусезона постигнал 9 голови.

Академија Пандев во есенскиот дел имаше проблеми со реализацијата бидејќи на 18-те натпревари постигна само 19 голови. Дали засилувањето од Северен Кипар ќе го разбуди струмичкиот напад?

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе