Акциите на Renault пораснаа за речиси 15 отсто, по владината поддршка и новиот план

Акциите на Renault пораснаа за речиси 15 отсто во текот на денот на Париската берза, засилени со планот за поддршка на Владата за автомобилскиот сектор и откривањето на новата стратегија од страна на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi Motors.

Околу пладне една акција на Renault се разменуваше за 21,96 евра, односно пораст од 14,62 отсто, на пазарот кој имаше пораст од 1,88 отсто.

Овој ентузијазам за Renault се должи на „објавување на стратешкиот план и зголемени синергии со Nissan-Mitsubishi Motors благодарение на „одвојувањето на задачите и многу поострата географска распределба помеѓу овие три субјекти на алијансата“ , коментараа аналитачарите.

Renault, Nissan и Mitsubishi Motors во средата најавија дека сега ја насочуваат профитабилноста како приоритет и ќе ѝ стават крај на трката за количини, во спротивност со стратегијата на соборениот поранешен шеф на групата, Карлос Гон.

Новата стратегија на тој начин планира заеднички да развие и произведе речиси 50 отсто од нивните модели до 2025 година, што „треба да овозможи да се намалат трошоците и инвестициските трошоци по модел до 40 отсто за возила дизајнирани според оваа нова шема, соопшти Алијансата.

Најавата на француската Влада за огромен план за поддршка од над 8 милијарди евра за автомобилската индустрија, тешко погодена од кризата со коронавирусот, исто така помогна за скокот на акциите на Renault. Покрај тоа, речиси целиот автомобилски сектор е добро ориентиран на берзата.

Акциите на Peugeot пораснаа за 7,76 отсто на 13,95 евра, Plastic Omnium за 7,73 отсто на 20,48 евра, Valeo за 5,78 отсто на 22,88 евра и Faurecia за 3,78 отсто на 38,20 евра.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Бизнис

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Read more

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more
 

Вести

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе