Ал Кахтани: Манчини е кукавица и лажго

Макфакс/Кајгана
/ 18.01.2024 / 15:37

Пензионираниот саудиски репрезентативец и поранешен напаѓач Јасер Ал Кахтани (41), упати жестоки критики до селекторот на националниот тим, Роберто Манчини. Ал Кахтани за Саудиска Арабија има одиграно 112 натпревари и постигнато 42 гола.

Манчини пред мечот со Оман во 1. коло од групната фаза на Азискиот куп исфрли тројца репрезентативци бидејќи одбиле да бидат дел од тимот доколку не играат од првата минута.

„Јас одлучувам кој ќе игра“, изјави Манчини на прес-конференцијата, а потоа целата ситуација ја нарече чудна. Потоа се огласи Ал Кахтани, кој не се согласува со Манчини.

„Не сум сретнал поголема кукавица од Манчини. Тој не заслужува да ја води репрезентацијата. Тој е кукавица без почит кон никого и со психолошки комплекс. Квалитетниот лидер мора да ги брани оние што ги води. Манчини отпушти играчи кои му служеа на саудискиот фудбал. Зошто зборува за нив пред мечот со Оман, кога состанокот со нив го одржа пред месец и половина?“, праша Ал Кахтани, пренесува La Gazzetta dello Sport.

„Манчини е лажго. Рече дека ги прашал играчите дали се среќни што ќе седат на клупата. Нормално е што рекле 'не'. Играч кој нема да каже 'не', не е амбициозен и не заслужува да биде дел од репрезентацијата“, смета Ал Кахтани.

„Манчини ги обвини играчите дека не се патриоти. Никој не може да го направи тоа. Ќе покренам истрага за да се потврди сѐ што кажа. Мислам дека на крајот ќе сака да ја напушти репрезентацијата“, додаде поранешниот напаѓач на Ал Кадсија, Ал Аин и Ал Хилал, кој според Transfermarkt постигнал 146 гола на 308 настапи во својата клупска кариера.

Манчини од репрезентацијата на Саудиска Арабија ги тргна Салман Ал Фараџ, искусен 34-годишен играч од средината и поранешен капитен со 73 репрезентативни настапи, потоа 29-годишниот десен бек Султан Ал Ганам од Ал Наср со точно 30 настапи, како и 23-годишниот голман Науаф Ал Акиди, исто од Ал Наср. Сите тројца беа и на Мундијалот 2022 во Катар. Интересно, наместо Ал Акиди на Азискиот куп Манчини како резервен голман ја зеде неговата резерва од Ал Наср, Рагед Ал Наџар.

Капитенот Ал Фараџ во дијалог со судијата на дуелот против Аргентина на Мундијалот 2022

Манчини ја презеде Саудиска Арабија на крајот на август 2023 и досега ја водеше на 7 натпревари. Оствари 3 победи, едно реми и 3 порази. Неговиот договор е со важност до летото 2027 година. Пред тоа беше селектор на Италија со која го освои ЕУРО 2020, а потоа не успеа да се квалификува на Мундијалот 2022.

Во текот на својата тренерска кариера ги водеше и Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит. Освои 13 клупски трофеи.

Саудиска Арабија со победа тргна на Азискиот куп откако со пресврт со 2:1 го совлада Оман со гол во 96. минута.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе