КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Албанија ја згази Чешка и ита кон ЕУРО, Турција славеше кај Хрватска

Репрезентацијата на Албанија со изненадувачки 3:0 ја победи Чешка и направи огромен чекор кон пласман на Европското првенство. Турција ја изненади Хрватска среде Осиек и ги однесе бодовите.

Синоќа продолжија квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, а видовме неколку интересни натпревари.

Група А

Шпанија ја победи Шкотска со 2:0 нанесувајќи ѝ го првиот пораз на островската селекција во овие квалификации.

Алваро Мората ги доведе Шпанците во водство во 74. минута по асистенција на Хесус Навас, додека Оихан Сансет го удвои водството по додавањето на Хоселу. Вреди да се напомене дека во 60. минута голот на Скот МекТоминеј за водство на гостите беше поништен.

Remote video URL

Во вториот натпревар од оваа група Норвешка го декласираше Кипар на гости, беше 4:0 за скандинавската селекција, за која Ерлинг Холанд постигна два гола, додека по еден дадоа Александер Сорлот и Фредрик Аурснес.

Резултати:

Шпанија - Шкотска 2:0
74' Алваро Мората, 86' Оихан Сансет

Кипар - Норвешка 0:4
33' Александер Сорлот, 65', 72' Ерлинг Холанд, 81' Фредрик Аурснес

Standings provided by Sofascore
Група Д

Фудбалерот на Галатасарај, Бариш Алпер Ј'лмаз во 30. минута од натпреварот постигна гол вреден три бода на гостувањето во Хрватска. Во продолжение Хрватите се обидоа да ги израмнат, но не успеаја во тоа и го забележаа првиот пораз во овие квалификации.

Така Турците им се реваншираа на Хрватите за поразот од март годинава, кога „Ватрените“ славеа во Бурса со 2:0, а двата гола ги постигна Матео Ковачиќ.

Турците имаат 13 бода од шест натпревари и се на првото место на табелата, додека Хрватска е втора со три бода помалку, но и натпревар помалку.

Претходно Латвија ги запиша првите бодови откако ја совлада Ерменија со 2:0 и драстичќно ѝ ги намали шансите за пласман на ЕУРО. Ерменците на седумте бодови планираа да додадат три од Рига, но тотално потфрлија.

Резултати:

Латвија - Ерменија 2:0
39' Јанис Икауниекс, 68' Даниелс Балодис

Хрватска - Турција 0:1
30' Бариш Алпер Ј'лмаз

Standings provided by Sofascore
Група Е

Албанија славеше убедлива победа на домашен терен против Чешка, а конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0.

Стрелци за домашниот тим беа Јасир Асани и Таулант Сефери, кои погодија двапати на овој натпревар, додека голот на Арбнор Муја беше поништен поради офсајд. Интересно, двајцата стрелци за Албанија се родени во Скопје и Куманово, едниот поранешен играч на Вардар, другиот на Работнички.

Вреди да се напомене дека гостите од 40. минута играа со играч помалку поради вториот жолт картон на Мојмир Хитил.

Во вториот натпревар од оваа група Полска го победи аутсајдерот Фарски Острови со резултат 2:0. Головите за Полјаците ги постигнаа Себастиан Шимањски и Адам Букса.

Албанија е првопласирана во групата со 13 бодови од шест одиграни натпревари и е на добар пат повторно да се пласира на ЕУРО, а потоа следат Полска со 9 и Чешка со 8 бодови, но од пет одиграни натпревари.

Резултати:

Албанија - Чешка 3:0
9' Јасир Асани, 51', 73' Тауљант Сефери

Фарски Острови - Полска 0:2
4' Себастиан Шимањски, 65' Адам Букса

Standings provided by Sofascore
Група И

Во рамките на групата И одложен беше натпреварот Израел - Швајцарија што требаше да се игра во Тел Авив, а од добро познатите причини.

На неутрален терен во Унгарија, Романија ремизираше на гости кај Белорусија играјќи без голови, и пропушти шанса да избие на првото место.

Косово го победи аутсајдерот Андора на гости со 3:0.

Резултати:

Белорусија - Романија 0:0

Андора - Косово 0:3
26', 71' Милот Рашица, 83' Алтин Зеќири

Standings provided by Sofascore

Потсетување, на завршницата одат првите две од секоја група.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе