СЕРИЈА А 2023/2024

Алегри по шокот од Удинезе: Ова е само уште една болна лекција, но нема предавање

Разликата помеѓу Јувентус и лидерот Интер, кој има натпревар помалку, по поразот на торинскиот тим од Удинезе сега е 7 бода, но тренерот Масимилиано Алегри не помислува да се откаже од борбата за титулата.

Искусниот стручњак е свесен дека тимот од Милано има голема предност, но и дека неговиот тим не игра како што треба во последно време. Сепак, без разлика на тоа, смета дека не е сѐ загубено.

„Имавме одлична серија од пет победи во низа, а потоа следуваа три меча без победа, што никој не го очекуваше тоа од нас. Играме слабо во последно време, тоа е факт од кој не можеме да избегаме, а тоа значи дека имаме многу работи пред нас и дека треба да работиме уште понапорно од порано“, рече Алегри и додаде:

„Интер има предност, но ние не се откажуваме. На натпреварот против Удинезе научивме уште една важна и болна лекција и сфативме што не беше добро. Шампионатот е долг, има уште многу натпревари да се одиграат, а ние не се откажуваме од нашите амбиции да се бориме за Скудетото. Продолжуваме да работиме во мир и верувам дека трудот ќе се исплати“.

Удинезе синоќа само еднаш успеа да шутне во рамките на голот и со тој шут всушност ја затресе мрежата на Војчех Шченсни, кој натпреварот го заврши без ниту една одбрана. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Аргентинецот Лаутаро Џанети во 25. минута. Интересно, овој 30-годишен одбранбен играч сезонава прв пат игра за друг клуб откако целата кариера ја мина во Велес Сарсфилд.

Remote video URL

На „Старата дама“ ѝ претстојат два релативно лесни меча во Серија А, прво против Верона на гости и Фрозиноне дома, пред да ги дочекаат дуелите против Наполи во Неапол и Аталанта во Торино.

Но, како што стојат работите во моментов, Јуве е поблиску до борба со Милан за второто место отколку со Интер за првото.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе