УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Алегри: Проблемот на Јуве не е тактички, тимот нема срце

Масимилијано Алегри тврди дека Јувентус нема „технички или тактички проблем, на овој тим му недостасува срце и страст“. Тренерот „никогаш“ не размислувал да си поднесе оставка.

Синоќешниот за „Бјанконерите“ беше натпревар кој мораше да се добие, но наместо тоа, беше веројатно нивниот најлош настап досега сезонава. Јуве немаше чувство на итност, немаше квалитет, тактичка интелигенција и организација на теренот, бидејќи играчите постојано дозволуваа нафрлувања дури и пред воведниот гол.

Макаби Хаифа поведе уште во 7. минута преку Омер Атзили, а истиот играч на 3 минути пред паузата го дуплираше водството, што се  покажа и како конечен резултат бидејќи до крајот Јуве не успеа да направи ништо.

Remote video URL

Како и да е, претседателот Андреа Ањели зборувајќи за Sky Sport Italia по натпреварот уверуваше дека Алегри ќе остане тренер, и покрај зголемените повици да биде отпуштен.

„Тешко е да се објасни, можеме само да молчиме, бидејќи не беше добра претстава во однос на карактерот“, изјави Макс Алегри, исто така за Sky Sport Italia.

„Мораме да излеземе од оваа ситуација и да молчиме. Утре се враќаме во Торино и остануваме во тренинг-центарот Континаса сѐ до дербито. Не станува збор за техничко или тактичко прашање, на овој тим му недостасува срце и страст. Играме премногу како поединци, треба повторно да станеме тим“, додаде стратегот на Јуве практично префрлувајќи ја вината кон играчите.

Ањели рече дека Јувентус треба да се „засрами“ од овој настап во Хаифа.

„Во право е, ова беше нашето најлошо прво полувреме. Одвреме-навреме помага да се затвори тимот во тренинг-центарот, имаме повеќе време за работа. Не е во ред да се игра вака“.

Алегри беше прашан дали некогаш размислувал да си поднесе оставка.

„Не. Кога предизвикот станува тежок, тој е уште повозбудлив. Мораме да излеземе од ова со храброст и глад“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе