Алергија на амброзија: Препознавање и ублажување на симптомите

Секој петти човек во светот е алергичен на полен, а од 24-те растителни видови кои се мерат како алергени на нашите простори, амброзијата предизвикува најжестоки алергиски реакции. Како да ги препознаете симптомите и како да ги ублажите, дознајте во продолжение.

Поленот од амброзија изгледа како топка со шилци, односно има мали куки кои се закачуваат за слузта и кожата на респираторните органи и на тој начин предизвикуваат големи алергиски проблеми: кивање (и повеќе од десет пати по ред), чешање на носот, течење на носот, насолзени и црвени очи, кашлица, отежнато дишење со чувство како да немате воздух.

Покрај респираторните проблеми, има и промени на кожата во вид на црвени кругови и чешање, а може да има и компликации на органите за варење, придружени со повраќање, грчеви и дијареа, особено ако има вкрстени реакции со храната што ја потенцира неговата алергеност и доведува до влошување на акутната состојба. Намирниците кои можат да предизвикаат реакции вклучуваат лубеници, дињи, тиквички, краставици, банани, костени, домати, зелена салата, а поретко ориз и пченка. Астмата се јавува и како чест проблем покрај алергиското кивање.

Што е амброзија?

Амброзија, поточно пелинолисна амброзија (научно Ambrosia artemisiifolia), е вид инвазивни плевели, едно од најпознатите и најопасните алергени растенија во светот.

Амброзијата е едногодишно растение со височина од 20 сантиметри до 2 метра. Коренот ѝ е вретенест, стеблото исправено, разгрането, листовите имаат јајцевиден облик, посеани со влакненца, силно разгранети, со кратки всекувања. Пресекот на стеблото е коцкест или тркалезен. Машките цветови се бледожолти, цевчести, собрани во полутопчести, висечки, густи цветови во облик на класје, a женските се формираат во пазувите на горните цветови, под машките, во вид на поединечни цветови. Плодот на амброзијата претставува семе со кое таа се размножува, а семето се шири со посредство на човекот и ветерот.

Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 кубе метар воздух можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна. Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни.

Како да се ублажат симптомите?

При ублажување на симптомите и спречување на потешки манифестации, најдобрата комбинација на превентивни мерки и лекови (антихистаминици) е најдобра. Алергиската астма бара третман со хормони-кортикостероиди, кои се даваат во форма на таблети или пумпи за инхалација, што секако е подобра терапија, со оглед на тоа што се користат мали концентрации на хормони кои делуваат локално, насочено (на ниво на бронхиите). За терапевтски цели може да се користат различни препарати на база на полен. Имено, поленот како фармацевтска суровина се користи во лекувањето на поленската треска. Екстрактите од полен содржат фракции од поленови протеини, кои делуваат како алергиски десензибилизатори.

Храна против алергени

Благодарение на антиоксидантот кверцетин, кој го блокира дејството на хистаминот и ги штити белите дробови од алергени, неизлупеното јаболко е одличен лек, а сличен ефект има и бромелаинот во ананасот. Поради магнезиумот во него, зелениот лиснат зеленчук го спречува кивањето, ги штити белите дробови и ги прочистува дишните патишта. Во супа и пита додадете листови коприва или зачинете ја со сок од лимон, па послужете ја како салата. Како додаток на месото и слатките користете нане, кое ги ублажува симптомите на алергија.

Апитерапија

Пчелните производи можат да помогнат во ублажување на алергиските реакции и до 75% - доволно е да се земаат две лажици мед дневно. Медот е делотворен и во комбинација со коприва: половина килограм свежо собрано растение кое е мелено во машина за мелење месо измешајте го со 200 грама мед. Смесата ставете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер 10 дена со повремено мешање. Секое утро на празен стомак земајте по една лажичка од смесата.

Целер во комбинација со мед: Исцедете го сокот од свежите листови и корени на растението и ставете го во тегла, па додадете мед онолку колку што има сок во садот. Измешајте сè со (дрвена) лажица и чувајте го во фрижидер 7 дена. Консумирајте по една кафена лажичка три пати на ден, половина час пред јадење, од крајот на летото до почетокот на есента.

Проблемите со респираторниот тракт можете да ги решите ако измешате лажичка мелен црн ким со две лажици мед и две мелени чешниња лук. Консумирајте една кафена лажичка од смесата наутро на празен стомак три недели.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе