Американската Влада ѝ додели на државава дополнителни 450.000 долари за справување со кризата од COVID-19

Соединетите Американски Држави преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 450.000 американски долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата на COVID-19, со тоа достигнувајќи го својот вкупен придонес од 1,5 милиони американски долари.

Во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), како што соопштија од канцеларијата на УСАИД во Скопје, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на: координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

– Американската Влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница, истакна американската амбасадорка Кејт Брнз.

Во повеќемесечната борба против пандемијата со COVID-19, дома и во светот, како што се посочува, САД продолжуваат да ја преземаат глобалната одговорност, прераснувајќи низ децении во лидери при пружање здравствена и хуманитарна помош.

„Преку великодушноста на американскиот народ, нашата странска помош спасува животи и ги намалува штетите за економијата низ целиот свет. Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, од кои 11,5 милиони американски долари само како помош за здравството. Поддршката на УСАИД за Северна Македонија за справување со пандемијата е пример за целокупната поддршка на Владата на САД за земјите од целиот свет. Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници се одвоени повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милијарди американски долари хуманитарна помош на глобално ниво. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против COVID-19“, стои во соопштението. 

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе