Анализа на енергетската политика на Бајден: Радикално различна од онаа на Трамп

Џо Бајден им понуди на американските гласачи радикално различна визија за енергетската политика на САД од Доналд Трамп, насочена кон справување со заканата од климатските промени, а дека таа нова политика ќе има неколку големи последици покажува и анализата на консултантската фирма Wood Mackenzie.

Wood Mackenzie, исто така позната како WoodMac, е глобална истражувачка и консултантска група за енергетика, хемиска индустрија и рударство.

Ќе ги врати САД во Парискиот климатски договор

Во анализата објавена на својата веб-страница, WoodMac посочува дека Џо Бајден ќе влезе во Белата куќа со цел да ги постави САД на курс за „нето нула“ количество на испуштени гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година и да ги врати САД во Парискиот климатски договор.

Но, исто така се предупредува на големите шанси републиканците да ја задржат контролата врз Сенатот и да го ограничат што е можно повеќе постигнувањето на енергетските цели на Бајден.

„Покрај федералните, политиките на земјите-членки ќе продолжат да бидат важни, но развојот на пазарот веројатно ќе има клучно влијание врз обликувањето на енергетската индустрија во САД, исто како што се случи и во времето на Барак Обама, и на Доналд Трамп. Но, промената на сојузната влада ќе има некои значајни последици, рече заменик-претседателот на Wood Mackenzie, Ед Крукс.

Стимулации за крајбрежни ветроелектрани, ограничувања за секторите за нафта и природен гас

Администрацијата на Трамп ги укина стимулациите за ветроелектрани и нареди да се затвори дел од американскиот атлантски брег од Флорида до Вирџинија наменет за нив. Администрацијата на Бајден ќе дејствува како поддршка на државите и компаниите кои сакаат да развиваат грајбрежни ветроелектрани и ќе ги зајакне стимулациите, вели Крукс.

Тој исто така очекува ограничувања за секторите за нафта и природен гас, но без забрана за „фракинг“. Тој потсетува дека Бајден вети дека ќе го заостри издавањето федерални дозволи за нови нафтени и гасни проекти на јавни земјишта и води. Влијанието на таквата политика врз копнените проекти не треба да биде значајно, што не може да се каже за офшор наоѓалиштата, иако треба да помине извесно време за тие да станат видливи. Ако потрае прекинот на издавање нови дозволи, тоа до 2035 година би можело да го намали американското производството на нафта и гас за околу 30 проценти, во споредба со продолжувањето на закупот на водени површини за вакви проекти, се вели во анализата на Wood Mackenzie.

Сето ова, додава тој, може да резултира со нови пречки за нафтените и гасните инфраструктурни проекти.

Построги стандарди за заштеда на гориво

Бајден исто така планира да воведе построги стандарди за заштеда на гориво, за кои се проценува дека ќе помогнат во продажба на електрични автомобили. До 2030 година, на патиштата во САД можно е да има четири милиони електрични возила како резултат на тие стандарди, скоро 60 проценти повеќе отколку ако останат на сила правилата на администрацијата на Трамп. Сепак, додава тој, влијанието на овие случувања врз побарувачката на гориво во САД во оваа деценија ќе биде минимално, бидејќи четири милиони електрични возила претставуваат само околу 1,5 проценти од вкупно 275 милиони возила што се очекуваат на патиштата во САД во 2030 година.

Иако Бајден остро ја критикуваше одлуката на Трамп да ги повлече САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и вети промена на пристапот, тоа не значи дека тој веднаш ќе се зафати со ублажување на санкциите воведени од 2018 година, смета Крукс од Wood Mackenzie. Тој додава дека најверојатно преговорите за можно враќање на САД во договорот нема да започнат пред јуни 2021 година, по изборите во Иран, и дека нема гаранција дека двете земји ќе постигнат договор.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе