УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Анчелоти: Го почитуваме Челси, но сакаме да го одбраниме ЛШ пехарот

Предводникот на Реал, Карло Анчелоти, изјави дека мадридскиот клуб сака да го елиминира Челси во четвртфиналето од Лигата на шампионите, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал минатата сезона во финалето го победи Ливерпул со 1:0. Утре во Мадрид ќе го пречека Челси во првиот натпревар од четвртфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување. Овие два клуба играа и минатата сезона во четвртфиналето на ова натпреварување. На првиот дуел во Лондон, Реал победи со 3:1, а Челси со идентичен резултат го доби реваншот.

Потоа се играа продолженија, а Реал се пласираше во полуфиналето бидејќи на крајот беше 3:2 за Челси, или вкупни 5:4 за Реал.

„Заслуживме да славиме минатата година. Имавме повеќе енергија на крајот од натпреварот. На крајот заслуживме да ја освоиме Лигата на шампионите, а ќе се обидеме да ја заслужиме и оваа година“, рече Анечелоти на прес-конференцијата во Мадрид.

Италијанскиот стручњак истакна дека Реал го почитува Челси.

„Минатата сезона имавме многу лоши моменти во Мадрид и јасно е дека мораме да го почитуваме Челси. Точно е дека овој клуб не минува низ добар момент, но има многу добар тим. Понекогаш кога оди полошо, го вадиш најдоброто“, истакна Анчелоти.

Натпреварот помеѓу Реал и Челси се игра во среда од 21 часот во Мадрид, а реваншот е закажан за 18-ти овој месец во Лондон.

Анчелоти е и поранешен тренер на Челси откако ги водеше „Сините“ од јуни 2009 до мај 2011 година.

URL
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе