And just like that… Ејдан се враќа во прегратките на Кери Бредшо

Објавен е трејлерот за новата сезона на серијата And Just Like That, продолжение на суперпопуларната Sex and the City.

HBO Max намали многу од своите оригинални програми, но приказната за Кери Бредшо и нејзините пријателки продолжува понатаму.

Додека првата сезона заврши со многу приказни, некои работи оставија да висат во воздух. Едно е сигурно – Ѕверка дефинитивно е минато, а Кери има нови љубовни авантури.

И тоа не е сè! Ејдан Шо се врати!

На 19 август 2022 година, Deadline објави дека Џон Корбет ќе ја повтори својата улога како бившиот на Кери Бредшо „во значителен број епизоди“ во втората сезона, иако претставниците на HBO Max и Корбет тогаш одбија да коментираат.

Ејдан беше значително отсутен во првата сезона и покрај тоа што Корбет инсинуираше негово потенцијално враќање.

„Мислам дека можно е да бидам во неколку епизоди“, изјави тој за Page Six во април 2021 година.

На 13 јануари 2023 година, Сара Џесика Паркер и официјалниот профил And Just Like That… споделија две фотографии од Кери и Ејдан на Instagram со натпис „Шшш. Не кажувајте никому“.

 

Модните избори на главните ликови уште се главната причина поради која ако ништо друго, фрламе поглед на новите епизоди:

Серијата е продолжение на суперпопуларната Sex and the City, што почна да се емитува во 1998 година, се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Синтија Никсон), Шарлот Јорк (Кристин Дејвис) и Саманта Џонс (Ким Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

Сите заблуди што ни ги пласираше „Sex and the City“

Серијата се снимаше според истоимената книга на Кендис Бушнел и иако добиваше пофалби за рушење на секс табуата, сепак наиде и на критики поради недоволниот диверзитет и ноншалантното третирање на некои многу важни теми, како расната дискриминација и еднодимензионалното и стереотипно претставување на одредени групи граѓани.

Во новата серија, во актерската екипа се приклучи Никол Ари Паркер, која го внесе диверзитетот за чие отсуство беше критикувана оригиналната серија.

Погледнете го трејлерот за новата сезона и кажете ни: Ќе ја гледате ли?

реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе