Android апликации кои можат да ви го хакнат телефонот - избришете ги веднаш

Повеќето апликации за оперативниот систем на Google се корисни или барем забавни. Но, има и злонамерни.

Иако ситуацијата е подобрена во последниве години, сè уште е можно да се најде софтвер во продавницата за апликации на Google Play што не е безбеден и може да се злоупотреби за следење и хакирање на вашиот уред, како и за обиди за измама.

Ова е преглед на некои од нив.

QuickPic Gallery

Фото галеријата со пристојно голема корисничка база беше купена во 2015 година од кинеската компанија Cheetah Mobile и почна да ја користи за пренос на кориснички податоци на сопствените веб-сервери.

Апликацијата беше отстранета од Play Store во 2018 година, но повторно се појави во 2019 година. Денес има стотици верзии, па тешко е да се разликува која е оригиналната. Затоа, најдобро е воопшто да не ја инсталирате.

ES File Explorer

Некогаш една од најпопуларните апликации за менаџирање со фајлови, сега е полна со bloatware и adware, и постојано се обидува да ве измами да преземате дополнителни апликации.

Беше исфрлена од Play Store во 2019 година поради рекламна измама. Автоматски кликнувала на реклами без знаење на корисникот. Избегнувајте ја во која било форма.

UC Browser

Најпопуларниот веб-прелистувач за телефони во Кина и Индија испраќа барања за пребарување на корисниците до Yahoo India и Google без заштита со енкрипција. Исто така, испраќа IMSI и IMEI броеви, Android ID и MAC Wi-Fi адреси до алатката за аналитика на Alibaba, Umeng, и податоци за геолокација на корисниците до алатката за мапирање на Alibaba AMAP, без енкрипција.

CLEANit

Иако е инсталиран десет милиони пати и има 85 проценти четворки и петки меѓу оценките, овој „чистач“ треба да се избегнува бидејќи она што го прави повеќе му штети отколку добро на вашиот паметен телефон, вели Make Use Of.

Hago

Самата апликација за разговор и игри во реално време не претставува безбедносен ризик. Но, нуди можност за заработка со играње и учество, што може да биде сомнително. И фактот што нуди стимулации за инсталирање надвор од Play не влева доверба.

DU Battery Saver & Fast Charge

Уште една апликација со огромен број преземања и позитивни критики (7,6 милиони со оценка пет) е проблематична бидејќи не може да влијае на брзината на полнење на вашиот уред, (иако тврди дека може). Но затоа ве бомбардира со реклами и лажни графики за тоа што прави и како. Отстранета е од Play Store во април 2019 година.

Dolphin Web Browser

Веб-прелистувачот без реклами со поддршка за Flash и HTML 5 собра повеќе од 50 милиони преземања. Но, ве следи и испраќа податоци за вас без ваше знаење и дозвола, вклучително и за анонимно сурфање. И дури и ако користите виртуелна приватна мрежа, таа ќе ја открие адресата доделена на вашиот уред од вашиот интернет-провајдер. Избришете ја веднаш.

Clean Master

Пред да биде отстранета од Play Store во 2019 година, оваа апликација имаше 600 милиони корисници и 26 милиони прегледи со одлични оценки. Но, зад неа се наоѓа Cheetah Mobile, што значи тони реклами, вишок софтвер и убедување за инсталирање други апликации.

Значи, не прави ништо корисно - Android веќе подолго време прилично добро го оптимизира менаџирањето со меморијата на вашиот паметен телефон.

Затоа, треба да ја избегнувате оваа и речиси сите антивирусни апликации, освен ако немате намера да инсталирате софтвер надвор од Play Store или да дозволите бесплатен пристап до клучните делови на Android на вашиот паметен телефон.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе