УЕФА ЕУРО 2020

Англија ја исфрли Германија и ѝ се одмазди за 1996

Дерби натпреварот на осминафиналето на ова Европско првенство ѝ припадна на репрезентацијата на Англија која со 2:0 ја победи и елиминира Германија.

По навидум едно досадно прво полувреме без шанси и тврда игра од двете страни, Англичаните и Германците се разбудија во вториот дел.

Во 75. минута Лук Шо одлично му сервираше на Рахим Стерлинг кој од пред гол само ја турна топката во мрежата на немоќниот Мануел Нојер за ерупција на „Вембли“.

Набрзо потоа Томас Милер се најде во идеална позиција еден на еден со домашниот голман Џордан Пикфорд, но успеа да го промаши голот прокоцкувајќи идеална шанса за израмнување.

Казната стигна во 86. минута кога резервистот Џек Грилиш му нафрли на Хари Кејн, а најдобриот стрелец во Премиер лигата со глава ја запечати победата.

Германија неславно го заврши континенталниот собир и воедно ерата на селекторот Јоахим Лев чија 15-годишна авантура дојде до својот крај. Воедно, Англичаните слават слатка одмазда на која чекаа 25 години. Имено, на ЕУРО 1996 година, исто така на „Вембли“, но на оној стариот пред реновирањето, Германија на пенали со 6:5 ја победи Англија тогаш во полуфиналето и подоцна дојде до пехарот и стана европски шампион.

Англиските навивачи на крилјата на победата во еден глас ја пееја „It's coming home“, песната кога беше химна на првенството во 1996.

Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со подобриот од вечерашниот дуел на Шведска и Украина.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе