Еуро 2020

Англија против Италија во финалето на ЕУРО 2020

Англија вечерва пред 60.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон ја совлада Данска по продолженија со 2:1 (1:1) и избори финале на Европското првенство против Италија.

Англија офанзивно го почна второто полуфинале на ЕУРО 2020, но откако го издржа почетниот притисок Данска воспостави контрола на теренот и прва дојде во водство со прекрасен гол од слободен удар на Микел Дамсгард во 30. минута.

Англичаните ја анулираа негативата девет минути подоцна со автоголот на данскиот капитен Симон Кјаер.

Второто полувреме не донесе голови на „Вембли“, а Англија направи целосен резултатски пресврт во последната минута од првото продолжение. Каспер Шмајхел најпрво го одбрани ударот од белата точка на Хари Кејн, но англискиот капитен прв стигна до одбиената топка и во вториот обид го совлада данскиот голман.

Противник на Англија на 11 јули на „Вембли“ ќе биде Италија, која вчера на пенали ја елиминира Шпанија. 

Тагови
реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе