Антонио Конте се враќа во Јувентус

Макфакс/Кајгана
/ 01.12.2023 / 10:30

Договорени се сите детали за враќањето на Антонио Конте на клупата на Јувентус. Поранешниот капитен и тренер на Јувентус, во клубот ќе се врати по завршувањето на актуелната сезона, тврди радио станицата од Рим, Radio Radio.

Антонио Конте моментално е без клуб. Неговиот последен ангажман беше во Тотенхем. Спарс го отпуштија Италијанецот во март откако тој го критикуваше сопственикот на клубот Даниел Леви.

Во својата прва сезона, Конте ја освои шампионската титула со Јувентус во 2012 година. Во Купот го загуби финалето од Наполи (0:2). Во август 2012 година Конте беше осуден на десетмесечна забрана за соучество во коцкање, која подоцна беше намалена на 4 месеци. Потоа ја водеше Сиена во втората лига.

Во декември 2012 година се врати на тренерската клупа на Јувентус, а во 2013 година успеа да го одбрани Скудетото. Во својата последна сезона, Конте го предводеше клубот до трета последователна титула. Неговиот договор беше спогодбено раскинат пред почетокот на сеозната 2014/2015. Потоа две години беше селектор на Италија, па го водеше Челси пред во 2019 да го направи забранетиот чекор преземајќи го Интер кому му донесе Скудето во сезоната 2020/2021.

Конте остави длабока трага како играч на Јувентус, потоа како тренер, но прашање е како навивачите ќе го прифатат неговото враќање. Многу од навивачите не можат да му го простат периодот во Интер.

Моментално тренер на Јувентус е Масимилиано Алегри, кој има договор до летото 2025 година, а со него „Бјанконерите“ моментално се на второто место во Серија А.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе