Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на Талат Џафери

Пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство - Скопје поднесе нова кривична пријава, осма по ред, против претседателот на Собранието на Република Македонија - Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело Повреда на рамноправноста на граѓаните - казниво по чл. 137 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од 6 месеци до 5 години.


„Пријавениот Џафери се терети дека со тенденциозното чување во фиока и непроцесуирањето на Предлогот за поведување граѓанска постапка на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум (2022) за заклучоците од т.н. Француски предлог, грубо ја повредил еднаквоста пред Уставот и законите на овластениот предлагач, и ги пречекорил своите овластувања – ставајќи се себеси во улога на собранискиот пленум, кој единствено (на седница) има надлежност да оценува дали една иницијатива е уредна или не!

Со тоа, подносителот Апасиев бил целосно оневозможен во остварувањето на неговите уставно и законски загарантирани права и слободи, што е потврдено и со стручно Мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (2023) – која веќе утврди 'директна дискриминација врз основа на политичко уверување' врз оштетениот Апасиев, кој сега се јавува во улога на пријавител.

Како поткрепа на кривичната пријава, доставени се и серија материјални писмени докази, од кои се гледа дека во тридецениската плуралистичка парламентарна историја – никогаш се нема случено собраниски спикер да ја оценува уредноста на референдумски иницијативи и да ги узурпира ингеренциите на Собранието, па така – сите досегашни иницијативи на граѓаните, кои се околу 20-ина на број, се уредно проследени до матичните работни тела и до пленумот – освен иницијативата на Апасиев!

Ја известуваме македонската јавност дека, до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија, правниот тим на Левица ќе поднесе уште најмалку две кривични пријави за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија“, се вели во соопштението за медиуми на Левица.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе