Апасиев: Спикерот-тиранин Џафери неделовнички ја прекина седницата за уставни измени

Професорот по римско право и лидер на Левица, Димитар Апасиев, имаше процедурално обраќање во кое стручно му објасни на спикерот Талат Џафери каде згрешил со прекинувањето на седницата за уставни измени.

„Член 196 има различни интерпретации, очигледно. Бидејќи и вие и колешката не сте правници, еве јас како правник ќе се обидам да ви помогнам“, почна проф. д-р Апасиев.

„Цело време алудирате на општите рокови коишто во случајот, кога има посебни одредби нив ги применувате, а не општите. Таков е случајот со промена на Устав. Таа е регулирана во посебна глава, а тоа посочува на специјални одредби кои ги дерогираат општите одредби на кои се повикувате за да манипулирате.
Членот 196 вели дека по предлогот за пристапување на Устав, седницата на Собранието се води претрес во целина кој може да трае најмногу 10 работни дена. Овој рок е преклузивен рок, тој не зависи од вашата волја или мојата. Тој не е орентационен рок. Цело време го забораваме ставот 2, кој преклудира 10 работни дена и ставот 3 кој вели 'одлука за пристапување се носи, кога ќе заврши расправата'. Сега, тука наоѓате квака и се повикувате на општите одредби кои не важат. Зошто не важат? Членот 217 кој свесно го премолчуваме сиве овие денови. Да поставиме хипотетичка ситуација: членот вели 'Собранието гласа за недоверба на Влада по истек на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба'. Што ќе се случи ако вие и во оваа ситуација ги примените општите одредби? Ние гласаме доверба на Влада и вие велите, во ред, кога ќе стигне ред за гласање вие да ја прекинете седницата, и со тоа гласање на доверба на Влада на 'куково лето'. Ако вие постојано се повикувате на општи одредби, можете да нѐ возите на нив до 101 и назад. Затоа постојат посебни одредби. Во случајот, рокот е преклузивен, како деловнички рок и тој не зависи од вашата или нашата волја. Тоа е рок утврден во општ акт и како таков морате да го почитувате“.

Remote video URL
реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе